10 работи зошто Galaxy S7, е подобар iPhone

Samsung неодамна го промовираше новиот смартфон Galaxy S7, а веќе почнаа споредбите со iPhone. Новиот модел на корејската компанија на 11 март ќе се појави на пазарот, а вистинскиот одговор за новите функции ќе стигне во септември сп iPhone 7...

s7angle-930x621

Прочитајте кои се 10-те функции што ги има Galaxy S7, но не и iPhone.

1. Galaxy S7 e водоотпорен

Иако iPhone 6 има некаква водоотпорност, сепак таа не е доволно силна за да издржи подолготрајно потопување во вода. Galaxy S7 има IP68 ознака и може да издржи длабочина од еден метар во текот на 30 минути.

2. Батеријата може да се наполни брзо

Новиот Galaxy има можност за брзо полнење кој овозможува полнење до 60 проценти за само половина час.

3. Има можност за безжично полнење

Galaxy S7 може да се полни и безжично, а и оваа опција е брза. Веројатно ќе биде попрактична опција за полнење во текот на денот.

4. Има побрз аутофокус

Камерата на Galaxy S7 има побрз аутофокус од последната верзија на iPhone.

5. Прави подобри фотки во лошо светло

Galaxy S7 има поквалитетна камера за снимање фотографии во услови на слабо светло.

6. Има можност за зголемување на капацитетот со microSD

Samsung го врати отворот за microSD картичка, што го дели со отворот за SIM картичката. Така може да му се зголеми капацитетот за дополнителни 200 GB.

7. Има посилна батерија

Стандардниот Galaxy S7 има батерија со јачина од 3.000 mAh, а S7 Edge со 3.600 mAh. Од друга страна, iPhone 6s има батерија од 1.715 mAh, a 6s Plus 2.750 mAh.

8. Samsung pay плаќањето важи и за стандардните читачи на картички

Новиот Galaxy овозможува плаќање на било кој читач на картички. Кај iPhone оваа функција работи само со читачите со вградена NFC технологија.

9. Има можност да не се гаси екранот

Galaxy S7 има функција која овозможува постојано да работи дел од екранот кој ги прикажува основните податоци и нотификации.

10. Виџетите се покажуваат и на закривениот дел

Една работа што iPhone нема да може да ја надмине е приказот на информации на закривениот дел од екранот.

(ФОТО) КУРШУМ НЕ ЈА БИЕ - Нокиа спасува животи во Авганистан

Доказот дека Nokia се најиздржливите мобилни телефони на светот е пред вас.

Питер Скилман, кој е одговорен за моделот Lumia, објави слика со продупчена Lumia 520 со куршум, која спасила живот на војник во Авганистан.

Телефонот повеќе не е употреблив, но најважно е што неговото куќиште успеало да го задржи куршумот во себе и да не пробие до телото на војникот.

На новиот Самсунг S8 ќе може да се играат Нинтендо игри

Најновата верзија од најдобриот Самсунг смартфон, Galaxy S8 е навистина мала но многу моќна направа.

Доказ за моќта на овој смартфон ја докажа еден млад софтвер инженер кој на Youtube постави видео во кое тој на својот Galaxy S8 ги игра игрите наменети за Нинтендо.

Популарно