100 денари повик - На овие броеви донирајте за Давид од Кратово кој боледува од рак

Животот на тринаесетгодишниот Давид Стојановски од Кратово не беше воопшто различен од она што го практикуваат другите деца. Одење на училиште, игри на улица, тренинзи во фудбалскиот клуб Силекс и во ракометната академија на Металург. Безгрижното детство на Давид беше прекинато пред осумнаесет месеци, кога добил оток на левото колено. Дијагнозата на скопските клиники покажала дека се работи за остеосарком над левото колено. Поради малигниот карактер на болеста, еден дел од надколеничната коска бил отстранет и заменет со имплант, кој не му дозволува на Давид да ја свие ногата.

По неколку месеци состојбата на Давид драстично се влошила. Лекарите дијагностицирале малигни промени на надколеницата, а во меѓувреме ракот метастазирал и на белите дробови на детето. Лекарскиот тим од скопските клиники препорачал ампутација на целата надколеница со вградување протеза, која според таткото на детето, ќе го направи Давид речиси неподвижен.

Во меѓувреме, Давид и таткото заминале во Виена кај познатиот доктор Коц, кој предложил специјална оперативна техника со која стапалото на Давид ќе биде во улога на колено и ќе овозможи солидна подвижност. Операцијата во Виенската приватна клиника со отстранување на метастазите од белите дробови чини 54.000 евра, пари што скромното семејство Китановски ги нема. Во меѓувреме, лекарскиот конзилиум од Клиниката за ортопедски болести во Скопје ја отфрлил операцијата во Виена како нерационална, што го фрли во очај малиот Давид.

Состојбата на Давид од ден на ден станува се полоша, а потребните средства може да се соберат само доколку граѓаните и институциите уште еднаш ја покажат својата хуманост. Неговиот живот е во опасност, а тој не сака ништо повеќе од нормално детство.

-Мојата најголема желба е да оздравам, да можам да играм, да трчам со другарите, да одам во школо. Се што можат да прават моите врсници, да можам да правам и јас. Го молам докторот што поскоро да реши да заминам на операција во странство – ја кажа својата новогодишна желба малиот Давид Стојановски.

Соговорник – Игор Китановски

соговорник – Давид Стојановски

СМЕТКА ЗА ДОНАЦИЈА : 320500021549404

Централна Коперативна Банка АД

Билјана Китановска, мајка

070-143-173 Т-Мобиле

075-143-480 ОНЕ

077-143-480 ВИП

Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка

Вработена во средно училиште во Битола нападната од своја колешка.

- На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т.(28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола  била физички нападната од нејзината колешка Ј.Н., информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Приватните специјализанти четврти ден на штрајк

Штрајкот на приватните специјализанти продолжува и понатаму. На денешниот, четврти ден од генералниот штрајк, беше изразена осуда за притисоците што ги имаат од клиниките и од постарите колеги специјалисти.

Доктор Христина Илиоска Чешлароска, специјализант по интерна медицина, трета година, рече дека сака да ги охрабри сите колеги приватни специјализанти, да не подлегнат на притисоците од клиниките и да издржат во оваа нивна борба.

– Со оглед на тоа дека Министерството за здравство и министерот немаат слух за нашите барања, односно се изјаснија само за последното трето барање за решавање на нашиот статус, свесни сме и знаеме дека е тоа долг процес и нашиот статус нема така лесно и брзо да се реши, додаде Илиоска Чешлароска.

Таа појасни дека затоа сакале веднаш да се остварат првите две нивни барања, покачување на месечниот надоместок и воведување на здравствено осигурување. Притоа, истакна, дека со оглед на тоа што тие две барања за кои барале итно да бидат решени, не биле решени, тие ќе продолжеле со нивниот штрајк.

-Бидејќи министерот очигледно нема слух и не гледа дека ние штрајкуваме, во понеделник, во пет до 12, пред Министерството за здравство, повторно ќе се собереме на протест, под мотото, „Пет до 12 за македонското здравство“. Со тоа сакаме да упатиме јасна порака до Министерството за здравство и до целата држава. Затоа што, доколку овие 400 приватни специјализанти не ги добијат своите барања, јас сум сигурна дека на половина од нив, веќе, во некој ќош дома им стои куферот и чекаат само да го спакуваат и да заминат, подвлече Илиоска Чешлароска.

На новинарско прашање, таа одговори дека до сите катедри упатиле барање за поддршка. Јавно се заблагодари на професорката од Медицински факултет, инаку од клиниката за ревматологија, што вчера им даде поддршка. (МИА)

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како и подружницата „Енергетика“, дека за 18.4.2023 година се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информација е во согласност со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 11˚С за 18.4.2023 година од Управата за хидрометеролошки работи. Снабдувањето со топлинска енергија во согласност со регулативата по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови, велат од ЕСМ.

Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите по 15 април секојдневно ја носи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ако се исполнети условите за снабдување со топлинска енергија, односно доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12°С според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ, се додава во соопштението на ЕСМ.

Популарно