15 години од првата бај - пас операција во Македонија!!!

Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” одбележува 15 години од своето постоење

filip vtori

17.000 кардиоваскуларни интервенции

800 од нив се направени кај деца

Најмалиот пациент бебе од 2 месеци

Први март 2000 година е датум кој отвори нова страница во историјата на Република Македонија. Страница која ја испишува и потпишува Академик д-р Жан Митрев со неговиот тогаш мал, но голем тим. Со првата бај-пас операција започнавме нова ера за македонската кардиоваскуларна хирургија. Ера, во која постојано напредувавме го усовршувавме она најисконското, најчовечкото.

Одделот за интензивна нега е најголемата потврда за тоа.Во 2002 година ја направивме и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Следуваше уште една година за нова историја. Во 2003 година за прв пат во Македонија извршивме интервенција на детско срце. Да се биде прв во толку силни и сериозни зафати се огромен предизвик и одговорност.

Не застанавме тука, продолживме со развој и на другите оперативни гранки, општа хирургија, ортопедија, абдоменална и торакална хирургија , урологија. Како поминуваа годините така се зголемуваше нашиот тим. Довербата на пациентите е најтешката придобивка, но ние ја имавме постојано. Во овие 15 години направивме 17.000 кардиоваскуларни интервенции од кои, 800 се направени кај деца, најмалото беше бебе кое имаше само 2 месеци. Тешкотиите со кој се соочувавме ги надминувавме со секој спасен живот. Зборовите на благодарност упатени и напишани на многу јазици се најсилниот поттик за секој нов ден.

Станавме и останавме пример на болница која работи по Европски стандард. Признанијата и наградите кои ги добиваме од сите страни се уште една верификација за нашата работа. Меѓу нив и онаа најпрестижната, „Награда за најдобар менаџер и болница со најдобар квалитет на здравствени услуги“ која ја доби Академик д-р Жан Митрев, во конкуренција со многу здравствени центри од Европа и Блискиот Исток. Во оваа измината деценија ипол никогаш не го напуштивме принципот на одговорност и професионалност.

Процентот на смртност кој е помал од 1% не вбројува во најреномираните кардиохируршки болници.

Нашата мисија за подигање на здравствената култура и превенција за што поздрава популација, продолжува.

Повторно изведена мултиорганска трансплантација: Пациенти добија срце, црн дроб и бубрези

Четворица пациенти добија органи од починат донор. Министерството за здравство соопшти дека вчера е направена уште една мултиорганска трансплантација на органи, а еден пациент добил срце, други црн дроб, а двајца пациенти добиле бубрези.

Во наредните денови пациенти на Универзитетската клиника за ортопедија ќе имаат шанса да добијат и коскени ткива.

Министерот Демири му се заблагодари на семејството на донорот кои спасија најмалку четири животи.

„По добиената согласност во вторникот, вчера во раните утрински часови започнаа трансплантациите на срце, црн дроб, бубрези и коскени ткива. Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот кои повторно не потсетија на важноста, на емпатијата и на хуманоста и во најтешките моменти од животот. Нивната одлука денес значи нов живот за некого, од вчера спасуваме најмалку 4 животи. Дарувањето органи е највисокиот чин на алтруизам кои сите нас не прави подобри луѓе спасувајќи човечки животи. Голема благодарност и до сите медицински тимови кои овие 48 часа работат со пациентите и се грижат за нивното здравје“, истакнува Демири.

Од 2020 година досега трансплантирани се 11 срца, 4 црни дроба, 38 бубрези и 24 коскено ткива, вкупно 77 органи што живот значат.

По Македонија и Хрватска чоколадата „Милка Орео“ повлечена и од БиХ

Инспекторатот за храна при Сојузната управа за инспекциски работи во Босна и Херцеговина денеска повлече од продажба 33 парчиња чоколада „Милка Орео“ поради присуство на пластика.

Управата соопшти дека откако Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина известила за пластични парчиња во 37 грама млечно чоколадо „Милка Орео“ со рок на траење до 18 август, инспекторите за храна извршиле контроли.

Федералната агенција за инспекција на храна најави дека ќе ги преземе сите законски мерки против одговорните.

Производот претходно беше повлечен и од Македонија и Хрватска.

Македонската Агенција за храна, минатата недела информира дека од продавниците се повлекува чоколада „милка орео“ од 37 грама поради присуство на парчиња пластика.

Производот е со сериски број OSK0934652 и со рок на употреба до 18 август 2024 година.

Чоколадата е произведена во „Монделез Полска продакшн“, а увозник е операторот со храна „ТД Нелт“

Колку килограми можете безбедно и здраво да изгубите за еден месец?

Заедничка желба на повеќе луѓе кои се на диета е брзо да ослабат. Сепак, колку е безбедно да се отфрлат несаканите килограми премногу брзо?

Безбедно и здраво слабеење значи губење на половина килограм до килограм секоја недела, што е еднакво на два до четири килограми месечно.

Можно е да изгубите повеќе килограми од ова во првиот месец на здрав начин, особено ако некој има прекумерна тежина.

Поединци кои губат 10 килограми во првиот месец или губат тежина премногу брзо, исто така се изложени на ризик од губење на вода или мускулно ткиво.

Друга причина зошто луѓето имаат тенденција брзо да губат тежина е ако се на ненамерна диета, која не е здрава или лесно да се држи долгорочно. Овие лица на крајот повторно ја добиваат тежината кога повеќе не можат да следат толку строга диета.

Кога станува збор за успешно долгорочно слабеење, важно е да се фокусирате на стабилизирање на шеќерот во крвта секој пат кога јадете, без разлика дали тоа е оброк или ужина. Ова ќе ви помогне да избегнете енергетски несреќи што може да доведат до нездрава желба за рафинирани јаглехидрати и шеќер.

Популарно