18 години постоење: Денес му е роденден на „Гугл“

Поминаа точно 18 години откако Лери Пејџ и Сергеј Бин го покренаа „Гугл“ во една гаража во „Менло парк“ во Калифорнија. Од скромниот почеток, „Гугл“ во своите 18 години се претвори во најпопуларен интернет пребарувач на светот.

Google-s-18th-Birthday-640x283

Инаку, „Гугл“ својот роденден го одбележуваше на 7 септември, на датумот кога компанијата е основана. Во 2005 година, „Гугл“ го смени датумот на одбележувањето на својот роденден и оттогаш го одбележува на 27 септември, на датумот кој се поклопува со објавувањето на рекордниот број страници што ги пребарува.

Во знак на одбележувањето на својот роденден, „Гугл“ го постави посебнио „Гугл Дудл“ (Google Doodle).

Првата јавна продажба на акциите која се одржала на 19 август 2004 ја кренала вредноста на компанијата од 1,67 милијарди долари на 23 милијарди долари. Преку серијата на нови производи, аквизиции и партнерство, компанијата ја проширила својата основна дејност на пребарување и рекламирање во други подрачја, вклучувајќи ја електронската пошта, онлајн мапите, прикажувањето на видеоформати и друго.

Оваа компанијата со седиште во местото Маунтин Вју во Калифорнија важи за едно од местата во кое е најпријатно да се работи. Повеќепати било објавувано дека вцработените во рамките на фирмата имаат на располаѓање базени, теретани, кујни... И сето тоа во модерен и интересен дизајн.

Минатата година компанијата направи реорганизација и ја покрена кровната корпорација „Алфабет“ под која, помеѓу останатите, се наоѓа единица за роботика и автомобили, наследничка на компанијата„ Бостон динамик“.

Осумнаесет години по основањето на Универзитетот Стенфорд, „Гугл“ е една од најмоќните светски компании. Според вредности на пазарот со 541 милијарда долари на второ место по „Епл“. Пејџ и Брин се на 12-то и 13-то место на листата на најбогати луѓе на „Форбс“, со богатство од 35,2 односно 34, 4 милијарди долари.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно