2000 евра казна за родителите чии деца штрајкуваат!

При бојкотот на наставата на средношколците со закон се уредени казните за нивните родители, бидејќи малолетници не можат да одговараат. 

sred

Иако беше постигната целта математиката да не се полага задолжително, решение кое беше постигнато меѓу МОН и Средношколската унија, сепак се најавува бојкот на наставата од Средношколски пленум..

Според законот, во случај на бојкот Членот 109 пропишува глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на родителот, односно старателот на малолетниот ученик ако нередовно го посетува училиштето.

Член 44 од законот утврдува дека статусот на редовен ученик во јавното училиште престанува ако ученикот неоправдано не ја посетува наставата континуирано 25 наставни дена во текот на наставната година.

Член 53 од законот вели доколку ученикот кој во текот на наставната година направил вкупно најмалку една третина оправдани и неоправдани изостаноци од фондот наставни часови од одредени предмети утврдени со наставниот план, полага испит на годината по тие предмети.

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Полицијата во Охрид го приведе А.И.(48), затоа што го фотографирал гласачкото ливче на избирачкото место 1271 во Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Охрид.

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7 до 19 часот, на денот на одржување на првиот круг за избор на Претседател на државата, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што соопшти Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линија,  граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

Повреди на избирачкото право може да се пријават и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996,  Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово  на тел. бр.(044) 344-082, Битола  на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.

Народниот правобранител најавува дека со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои, потенцира, се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Популарно