5 Совети за пиење на алкохол за време на празниците

Едно истражување спроведено во САД, вели дека околу 95 милиони Американци патуваат во овој период бидејќи одат во посета на своите пријатели и семејството. Докажано е дека голем процент од луѓето што патуваат во овој период или на денот на дочекот на Новата година многу често консумираат алкохол и оттука, околу половина од сообраќајните несреќи што се случуваат се должат на прекумерна консумација на алкохол и пијанства.

Прославата на Новата година за многумина започнува уште во утринските часови и е придружена со многу алкохол. Важно е да се определат сите претпазливи мерки за да се осигура сопствената безбедност, но и безбедноста на оние што се околу нас. Во прилог следат пет совети на што треба да внимавате при консумацијата на алкохол за да ги избегнете опасностите и да останете безбедни и здрави на дочекот на Нова година и прославата на Божиќ.

Не возете под дејство на алкохол

Доколку сте од оние за кои дочекот на Новата година и прославата на Божиќ е поубава кога е придружена со повеќе чаши алкохол, подобро оставете го возилото и земете такси до дома, бидејќи возењето под дејство на алкохол не е безбедно за вас и сите околу вас. Колку повеќе алкохол консумираме толку се побавни активностите на нашиот мозок, срцето и белите дробови. Имајте на ум дека во Македонија возење со повеќе од 0,5 промили алкохол во крвта не е дозволено.

Пијте умерено и бавно

„Нашиот организам побрзо го апсорбира алкохолот, отколку што го метаболизира“

Она за што многумина не се свесни додека пијат е дека нашиот организам побрзо го апсорбира алкохолот, отколку што го метаболизира. Оттука, колку побрзо пиеме толку повеќе токсини од алкохолот се задржуваат во нашето тело и тоа резултира со тежок мамурлак. Обидете се да не пиете повеќе од еден пијалак во текот на еден час, бидејќи црниот дроб успева да метаболизира само еден пијалок во текот на еден час. Исто така, пијте полека и умерено и комбинирајте го вашиот пијалок со вода или нарачајте пијалок со повеќе мраз што ќе го разреди алкохолот.

Не мешајте различни видови на алкохол

„Изберете светли пијалоци, бидејќи темните пијалаци имаат повисока концентрација на токсини“

Многу е важно да се задржите на еден тип на алкохол цела вечер, бидејќи е докажано дека мешањето различни типови алкохол може да резултира со повраќање или многу непријатен мамурлак придружен со главоболка. Доколку сакате да ги избегнете тегобите наредното утро, пијте светли пијалоци како вотка или џин, бидејќи темните пијалаци имаат повисока концентрација на токсини што резултираат со потешки мамурлаци.

Исто така, избегнувајте мешање, односно разредување на алкохолниот пијалок со газирани сокови или вода, бидејќи тие дополнително ја забрзуваат неговата апсорбција во крвта. Како замена за газираните сокови, пијалакот може да го разредите со свеж сок од лимон или портокал, во зависност од вкусот.

Пијте вода

Алкохолот има диуретични својства, што значи колку повеќе пиете толку повеќе ќе уринирате. Оттука, важно е да консумирате големо количество вода додека пиете алкохол за да не го дехидрирате организмот.

Имено, дехидратацијата на организмот значи мамурлак придружен со вртоглавица и главоболка.

Се препорачува да се пие чаша вода за секој алкохолен пијалак. Пијте вода пред, за време и по консумацијата на алкохол, бидејќи водата ќе го хидрира вашиот организам и дополнително ќе ви помогне да не се опиете премногу.

Јадете пред да почнете со пиење

Никогаш не пијте на празен стомак. Подгответе си здрав и обилен оброк пред да започнете со пиење и јадете по малку додека пиете. Јадењето додека пиете ќе помогне во забавување на апсорбцијата на алкохолот во дигестивниот тракт, тоа ќе му даде повеќе време на организмот да го метаболизира внесеното количество алкохол. Додека пиете, јадете апетисани и мали закуски полни со протеини како кашкавал и месо.

Над 400 приватни специјализанти стапија во штрајк

Над 400 приватни специјализанти изутринава стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски на скопските клиники и останатите болници и амбуланти низ државава. Тие бараат зголемување на надоместот што им се исплаќа  во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, здравствено осигурување, како и решавање на статусот што сега им е со договор на дело. Штрајкот ќе го прекинат, како што најавија, само доколку добијат писмена гаранција за исполнување на барањата. 

- За жал, се решивме на овој чекор бидејќи Министерството за здравство нема слух за решавање на нашите проблеми,  изјави доктор Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина, трета година. 

Таа потсети дека по протестот во март, имале средба со министерот за здравство на која им било ветено дека нивните барања ќе се најдат на седница на Влада., но  дека засега немаат никаков одговор. 

Како што соопшти Илиоска Чешлароска, добиле повик од претставник во Министерството за здравство и им било кажано дека денеска во 14 часот  ќе се одржи средба во Влада.

-Петмина наши претставници ќе бидат на таа средба, но, немаме информација кој се ќе присуствува и дали ќе бидат прифатени нашите барања. Штрајкот продолжува, се додека не добиеме писмена официјална гаранција дека барањата ќе бидат исполнети, нагласи Илиоска Чешлароска.

Тамара Пејоска, специјализант на пластична и реконструктивна хирургија, прва година, рече дека работно максимално се посветуваат, а се ставени во разочарувачка деградирачка позиција. На протестот беше нагласено и дискриминирањето при остварување на мајчинство и породилно отсуство, бидејќи тогаш се укинува надоместот. Сите овие луѓе, беше кажано на протестот, имаат желба да останат во државата, да работат и да се грижат за пациентите.

ИЈЗ: Нови 44 случаи на голема кашлица од 5 до 11 април, вкупно 443 заболени

Нови 44 случаи на голема кашлица се пријавени од 5 до 11 април, со намалување од 10,0 отсто споредено со претходниот седмодневен период. Најголем дел од случаите се пријавени во Скопје. Пријавени се случаи и во Битола - четири и по еден случај во Куманово, Кратово и во Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 75 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 10 до 14 години. Од новите 44 случаи, два се хоспитализирани, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево.

- Заклучно со 11 април, во Северна Македонија се регистрирани вкупно 443 случаи на голема кашлица, со инциденца од 24,1/100 000 жители. По однос на место на живеење, најголем број лица живеат во Скопје - 355 или 80,1 отсто со зафаќање на шеснаесет различни општини. Од територијата на ЦЈЗ Куманово се пријавени 25 лица, од ЦЈЗ Битола 19, 17 лица од ЦЈЗ Тетово, од ПЕ Гостивар - пет и од ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кратово по три случаи. По два случаја се регистрирани во Крива Паланка, Дебар, Струга, Пробиштип, Велес и во Струмица, а по еден случај е регистриран од Кичево, Прилеп, Кавадарци и од Гевгелија, пишува во извештајот.

Од вкупниот број регистрирани случаи - 433, 263 или 59,4 проценти не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување, изнесува 12,9 години.

Од заболените, хоспитализирани се 60 лица и тоа 49 од нив на возраст до четири години.

Дадени се вкупно 39.031 доза вакцина што содржи компонента против голема кашлица во периодот од 18 јануари до 11 април. 

Овие намирници го зајакнуваат имунитетот и ги ублажуваат симптомите

Иако пролетта носи многу прекрасни работи и позитивна енергија, луѓето кои страдаат од алергии се на мета на алергиите и така започнува нивната агонија. Алергиите се резултат на преосетливост на имунолошкиот систем, што предизвикува ослободување на штетни хистамини. Тие можат да влијаат врз целото тело, особено на кожата, очите, носните прооди и белите дробови.

Симптомите на алергија се јавуваат кога вашето тело реагира на алергените во телото со производство на хемикалијата наречена хистамин која помага да се потисне алергенот. Имуниот систем предизвикува алергиска реакција преку производството на антитела на имуноглобулин Е (IgE) кои предизвикуваат широко распространети симптоми.

Пример симптоми

- течење на носот, сугреб, чешање, затнат нос

- исип на кожата, црвенило, сувост, лупење или чешање

- печење или чешање во устата и усните

- отекување на јазикот, усните, грлото или лицето

- гадење и повраќање

- грчеви во стомакот

- кашлица

Овие се најдобрите прехранбени продукти кои треба да ги вклучите во својата исхрана за да се справите со алергиите:

1. Белиот лук

Природен антибиотик кој помага во борбата против инфекции, вируси, дури и алергии. Дневното консумирање или цедење на сок од две сурови чешки од овој моќен антиоксидант може да го засили имунитетот.

2.Лимон и лимета

Одлични за засилување на имунитетот и се користат за разни заболувања, вклучувајќи ги и алергиите, бидејќи се полни со витамин C и антиоксиданти кои го засилуваат имунитетот. Водата со лимон го прочистува телото од нечистотии. Помешајте сок од лимон со маслиново масло како дресинг за салата.

3. Зелените лисни зеленчуци

Спанаќ, кељ, зелка и рукола се одличен извор на важни витамини, минерали, антиоксиданти и ензими кои помагаат во детоксикацијата и намалувањето на воспалението.

4. Храна богата со пробиотици

Пробиотичката храна (кефир, кисело млеко, кимчи, јогурт, сирење, мисо и комбуха) го подигнуваат имунитетот и може да помогнат во регенерацијата на оштетената цревна мукоза.

5. Кокосово млеко

Најдобрата алтернатива на кравјото млеко, бидејќи не содржи млечни производи, лактоза, соја, ореви и житарки.

6. Путер од бадеми и семки

За луѓе алергични на кикиритки и путер од кикиритки, путерот од бадеми е безбедна и здрава алтернатива која обезбедува здрави незаситени масни киселини, влакна, минерали како и рибофлавин и магнезиум, па дури и некои антиоксиданти.

7. Ленено семе, чија, семе од тиква и сончогледово семе

Одлични извори на здрави масти и влакна.

8. Коприва

Листот на коприва природно ги контролира хистамините, затоа се препорачува од страна на се повеќе лекари да се земе лиофилизиран препарат пред почетокот на сезоната на поленова грозница. Може да се користи и како чај или во форма на тинктура, вклучувајќи и хомеопатски лекови.

Популарно