Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија

Скопскиот хаб на Глобал Шејперс (иницијатива на Светскиот Економски Форум) ги поканува сите граѓани, организации и медиуми да бидат дел од првата трка која има за цел да ја поттикне свеста за потребите на лицата со попреченост во видот. Трката ќе се одржи на 12 Октомври 2014 во 11:00 часот во Градски парк Скопје кај Школка, при што пријавувањето за трката е на лице место.

10719501_296638733875762_734439666_n

Трката е во организација на „Пинк Супорт МК“ и има за цел да ја подигне граѓанската свест за вклучување на лицата со пречки во видот во општествениот живот. Организаторите(Пинк Супорт МК) нагласуваат дека трката е со должина од 1 Км, а во неа имаат право да учествуваат сите граѓани без разлика на пол, возраст, етничка припадност, сексуална ориентација или психо/физички пречки.

Скопскиот хаб на Глобал Шејперс одлучи да ја даде својата поддршка на настанот како дел од нивната мисија за поддршка на локални иницијативи. Инспирирани од мислата на светски познатиот Стиви Вондер „Ако човек има проблеми со видот не значи дека нема визија“ и водени од изреката на Марк Твејн „Добрината е јазик кој глувите можат да го чујат, а слепите да го видат“ младите лидери од скопскиот хаб ги повикуваат своите сограѓани и врсници да им се придружат во недела во симболичното заедничко трчање на еден километар.

Ирина Јаневска, Куратор на хабот изјави:

„ Драго ни е што иницијативата потекнува од бизнис ентитет кој покажува дека и во Македонија има простор за соработка меѓу двата сектори, и е искрен напор за повеќе од пишана програма за општествена одговорност на некое големо претпријатие. Всушност, нашиот хаб е првата спојка на млади лидери во Македонија кои доаѓаат од бизнис секторот, граѓанскиот сектор и државните институции. Сеуште сме млади во постоењето, но, инспирирани од светските иницијативи на шејперите ширум светот, планираме со здружени сили и искрена посветеност да придонесеме кон нашата заедница. “

Во своето локално делување хабот највува дека во иднина, освен поддршката на филанторпски иницијативи и партнерства кои имаат општествен импакт, планира да поддржува млади кои работат на иновации.

10726655_296638737209095_193479839_n

Јордан Атанасовски (новини.мк)/ Глобал шејпер изјави:

„Се радувам што првата инцијатива на скопскиот хаб е поддршка токму преку спортска активност, но како човек кој работи и на софтверски развој сметам дека може многу да се придонесе и преку иновација и технологија. Со скопските шејпери се воодушевивме од изумот на идниецот Анируд Шарма кој смисли патики кои имаат вградено вибрирачка технологија и се поврзани со мобилна апликација. Овој производ е наменет токму за лица со пречки во видот и служи за нивна полесна ориентација во градскиот метеж: преку апликацијата се дава рутата и потоа патиките вибрираат за вистинскиот правец. Еден пар патики чини околу 100 долари, ние се надеваме дека во иднина ќе му обезбедиме на Гоце Радевски еден пар, а и дека ќе инспирираме и поддржиме македонски млади умови да прават вакви корисни апликации и изуми.“

Заедницата на Global Shapers е иницијатива на Светскиот економски форум и е мрежа на хабови кои се базирани во градови ширум светот. Во моментот хабови има во 356 градови, од кои од изминатата година отворен е и хабот во Скопје. Хабовите се развиени и предводени од млади луѓе на возраст од 20 до 30 години, кои се исклучителни во својот потенцијал, успесите кои ги имаат зад себе и желбата да придонесат во нивните заедници. За таа цел хабовите превземаат активности и имплементираат локални проекти.

Шејперите (Global Shapers) се високо мотивирани индивидуи кои имаат голем потенцијал за идни лидерски улоги во општеството. Тие се избрани врз основа на нивните постигнувања, лидерски потенцијал и посветеност да направат разлика и да го подобрат светот околу себе. Моментално скопските шејпери се тим од млади луѓе кои се препознаени во јавноста (сопственици на успешни бизниси, истакнати лидери од граќанскиот сектор, донесувачи на одлуки во институции, иноватори, медумски лица итн). Хабот најавува дека во блиска иднина ќе биде објавен и јавен конкурс за прием на нови членови.

Преку заедницата на Global Shapers на младите им се дава можност да се поврзат со светската мрежа на Global Shapers, да се поврзат со другите заедници на Светскиот економски форум, како и да го претставуваат гласот на младите на настаните на Светскиот економски форум. Global Shapers се обединети во заедничката желба за канализирање на огромната енергија и ентузијазам на младите во градењето на помирен и инклузивен свет.

Заедницата на Global Shapers е една од неколкуте заедници на Светскиот економски форум во кои припаѓаат и Young Global Leaders, the Global Agenda Councils, и The Schwab Foundation for Social Entrepreneurs. Македонски членови во престижната мрежа на Young Global Leaders се г. Фатмир Бесими и г. Живко Мукаетов.

Испратено од Global Shapers Skopje Hub

Ова се датумите за овогодинешниот ПивоФест

Новото издание на фестивалот на пивото и скарата во Прилеп ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули.
 

 

Ова ќе биде јубилејно 15-то издание на Пивофест кој стана заштитен знак на градот и кој секоја година привлекува се поголем и поголем број на посетители од цела Македонија.

Се очекува во наредните денови да бидат објавени пиварниците што ќе учествуваат на фестивалот како и целокупната музичка програма за време на фестивалските денови.

ФОТО: 8 куршуми му го прекинаа патот до дома

Ноќеска околу 2 часот по полноќ во прилепското село Канатларци 24-годишниот Е.И. жител на селото бил застрелан со 8 куршуми, неофицијално дознава Маркукуле.
Според информациите лицето седело пред продавница во селото, при што на враќање кон дома бил зачекан на улица и изрешетен.
Информациите говорат дека лицето им подлегнало на повредите.

Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка

Прв до врв заедно со Empire State Building Fitness Centar ве носат на Водно - Матка.

Следниот викенд планирајте го за освојување на Водно, но и продолжена тура до Матка. Турата е рекреативна и е наменета за планинари и велосипедисти.

Патеките за движење на групите планинари и велосипедисти како и останатите детали за турата ќе бидат објавени дополнително.

Турата ја организираат Прв до врв и Empire State Building Fitness Centar.

За повеќе информации одете на линкот тука.

Популарно