Ако таа има голем задник, значи…

Објавено на 30 декември 2016, 09:42

СПОДЕЛИ:

Научниците од Универзитетот во Оксфорд откриле дека жените со задник поголем од просечниот имаат поголема отпорност на хронични болести и надпросечна интелигенција.

Според ABC NEWS студијата покажала дека жените со поголем задник имаат помала склоност кон холестерол, но и дека произведуваат повеќе хормони за метаболизирање на шеќерот.

Поради тоа тие се помалку подложни на срцеви заболувања и дијабетес.

Бидејќи развојот на ваквата конституција побарува поголема количина омега 3 масни киселини, таа исто така е заслужна и за подобар и поинтензивен развој на мозокот.

Студијата исто така открила и дека жените со поголем задник и пошироки колкови раѓаат деца кои се просечно интелигентни. Студијата опфатила 16 000 жени.

Предходно објавеното истражување од Универзитетите во Питсбург и Калифорнија, исто така покажало дека жените со поголем задник, широки колкови и тесен струк, просечно живеат подолго од другите без овие облини.

СПОДЕЛИ: