Анџелина бега од Бред Пит - се сели во Камбоџа!!!

Откако во септември поднесе барање за развод од Бред Пит по десет години љубов и две години брак, Анџелина Џоли очајннички сака да ги прекине сите врски со колегата и до неодамна животниот партнер.

arrives at the 18th Annual Screen Actors Guild Awards at The Shrine Auditorium on January 29, 2012 in Los Angeles, California.

Холивудската актерка планирала со децата да се пресели во Лондон за што помалку да го гледа Бред Пит, но сега наводно се предомислила и, сепак, се одлучила за Камбоџа, пишува американскиот портал „Радар онлајн“.

Тоа е, им се пожалила на пријателите, единственото место на светот коешто нема да ја потсетува на љубовниот бродолом. Се шпекулира дека Анџелина сака да живее во традиционалната куќа на пространиот имот во градот Батембанга среде џунглата во Камбоџа.

Бред неодамна ги иселил сите работи од вилата во Њу Орлеанс, која своевремено ја купи со Анџелина, а наскоро ќе се продаде и Миравал, раскошниот дворец во Франција, каде што двојката и се венча во 2014 година.

Анџелина во 2002 година токму во сиропиталиштето во Батембанга го посвои првиот син, тогаш седуммесечното момче Медокс Чивана. Пред тоа во Камбоџа беше два пати – кога го снимаше филмот „Лара Крофт Томб Рајдер“ и потоа како амбасадорка на УНХЦР.

Медокс го посвои со тогашниот сопруг, актерот Били Боб Торнтон. Двојката три месеци подоцна се разведе.

ФОТО:Колку години би и дале на Соња од „Чиста љубов“?

Хрватската актерка Тара Родандиќ е пример дека шминката многу знае да го промени човекот.

Многумина би рекле дека Тара сигурно има повеќе од 30 години, но вистината е сосема поразлична.

Кога ја гледаме на ТВ екраните во разни улоги, Тара е нашминкана, па и изгледа доста повозрасно од годините кои ги има.

Имено, хрватската актерка има само 29 години, а наскоро ќе влезе во четвртата животна деценија.

 

A post shared by Tara Rosandić (@tara_rosandic) on

 

A post shared by Tara Rosandić (@tara_rosandic) on

(ФОТО) Ричард Гир по трет пат на „лудиот камен“: Ја одредил датата на свадба со 34. помладата свршеничка

„Бев малку изгубена, без светло и запознавањето со него даде смисла на мојот живот. Чувствував како некој да ми пружа рака и ми го покажува вистинскиот пат“, рекла свршеницата на глумецот.

Глумецот Ричард Гир (69) и новинарката Алехандра Силва (35) во врска се четири години,а се запознале во луксузниот италијански хотел кој таа го купила со својот бивш сопруг. Парот испланирал мала венчавка за следниот месец, 5. мај, во Вашингтон, пишува шпанскиот дневен весник „АБЦ“.

 

About last night, thank you @ysacristan @albertopinteno #harpersbazaar por este reconocimiento, me hace mucha ilusión que os suméis a la familia de @raisfundacion , sigamos luchando para que en 5 años no haya nadie durmiendo en la calle. También quería agradecer a esa persona que me da fuerzas con su apoyo, ejemplo, presencia, sin ti no hubiese sido posible. I’m so grateful for this recognition, welcome #harpersbazaar to our family @raisfundacion , let’s keep working to archive that in 5 years nobody will be sleeping in the street. I also wanted to thank that person who gives me strength, with his support, example, and commitment without you it would not have been possible.♥️ #solidarity #award #raisfundacion #specialmoments #sinhogarismo #homelessness #alejandrasilva #richardgere #hogarsi

A post shared by Alejandra Silva (@alejandra_silva__) on

За свршувачката на Гир и Силва се дознало минатата година, во ноември кога новинарката е видена со нов дијамантски прстен. Алехандра е ќерка на бизнисменот и бивш потпретседател на шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, Игнацио Силва.

Глумецот новинарката ја запознал додека се разведувала од сопругот, геологот Говиндо Фридленд (43), син на американскиот рударски магнат Роберт Фридленд. Силва со Говинд го има синот Алберто (6).

Весникот „АБЦ“ ја открил врската на Гир и новинарката во април 2015. година, но нивните пријатели тогаш рекле дека со месеци успешно се криеле од јавноста.

Двојката често заедно оди на хуманитарни забави во Шпанија, кои се организират за помош на бездомниците и настојуваат да ги подобрат условите за лекување на тешко болните деца кои ги посетуваат.

Силва повеќето време го минува во Мадрид каде има вила во која живее со синот, но оддалеченоста неа и на Гир, кој живее во Њујорк, не им претставувала никаков проблем.

„Во стварниот живот тој е мој вистински херој.Бев малку изгубена, без светло и запознавањето со него даде смисла на мојот живот. Чувствував како некој да ми пружа рака и ми го покажува вистинскиот пат“ ја коментирала својата врска со глумецот, своевремено, Алехандра за магазинот „Хола“.

Гир бил четири години во брак со супермоделот Синди Крафорд (52), а втора сопруга му била глумицата Кери Ловел (57) од која се развел во 2016. година и го имаат синот Хомер Џејмс Џејми (18).

Грејс Кели: Не можеш да добиеш сѐ ако не направиш ништо

Грејс Кели ја започна кариерата како американска актерка, а го заврши својот живот како принцезата на Монако. Тоа е доказ дека имала убав живот, како од бајките.

Ова се нејзините најпознати мисли.

Лутењето не решава ништо, не ви носи ништо добро.

Сакам бисери на екранот, но  и во мојот живот.

Сакам да пешачам. Сакам да го правам тоа сама. Тоа е мојата терапија. Една личност мора да биде сама за да може да ги наполни своите батерии.

Не сакам да гледам назад. Ги сакам добрите спомени повеќе од каењето.

Мојот татко имаше убав поглед на животот: Не можеш да добиеш сѐ ако не направиш ништо. Сѐ мора да биде заслужено со работа, истрајност и искреност.

Жените можат да постигнат сѐ што ќе посакаат.

Никогаш не велам ‘никогаш’ и никогаш не велам ‘секогаш’.

Популарно