Антиќ удри по КФМ: Погледнете се в очи и засрамете се од сѐ што направивте!

Откако македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство кое се игра во 2017 година, со свој став се огласи најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ.

пепепе

Членот на Фенербахче веќе извесно време е во конфликт со раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), но и покрај тоа реши да го каже своето мислење за моменталната состојба во мак-баскетот. Тоа тој го направи преку социјалната мрежа Фејсбук, од каде порача дека челниците, односно „Полат“ (претседателот Петар Наумоски н.з.) треба да престанат да ја префрлаат вината еден на друг и дека треба да се погледнат в очи и да се засрамат од сѐ што направиле.

Во продолжение, погледнете го во целост фејсбук-статусот на Перо, кој на 30 септември заедно со својот Фенербахче ќе му биде гостин на Работнички во Скопје.

пероо

Честитки од сите страни: Борко Ристовски доби бебенце

Голманот на македонската репрезентација, Борко Ристовски стана татко. На социјалните мрежи се редат честитки за родителите Борко и Нина.

Убавата Николина, Борко вешто ја криеше од јавноста. Со атрактивната и шармантна девојка, ни помалку ни повеќе имаат исто презиме, а не ретко таа можеше да се забележи на трибините како го бодри на натпреварите.

ФОТО: Ова е младата девојка со која Бекам ја изневерувал Викторија

Медиумите пишуваат дека популарната светска двојка Дејвид и Викторија Бекам поминува бурен период во својот живот.

Имено, според пишувањата на светските таблоиди, познатата двојка имала постојани расправии, а работите отишле дотаму што не е исклучена и можност за развод.

Причината поради која Викторија смета дека поранешниот фудбалер ја преминал црвената линија се вика Лејди Мери. 13 години помладата девојка од поранешната „спајсица“ се забавувала со некогашниот играч на Реал Мадрид до раните утрински часови.

Тоа предизвикало бес кај Викторија, кој, како што пренесуваат медиумите, може да кулминира со крај на долгогодишната врска со Дејвид Бекам.

(ВИДЕО) Не биле таблети, Меси од чорапите си вадел карамели

Фудбалерите на Барселона во средата го совладаа Олимпијакос со 3-1 во дуел од третото коло од Лигата на шампионите, а по натпреварот многу повеќе се зборува за потегот на Лео Меси отколку за другите случувања на теренот.

Главната ѕвезда на Барселона во еден момент од левата чораша извади нешто и стави во уста, а деталот го забележаа камерите. Шпанските медиуми првично пренесоа дека станува збор за таблета која содржи глукоза, која Меси ја користи за зголемување на мускулната енергија.

Меѓутоа, угледната Марка денеска откри нови податоци. Според најновите сознанија, напаѓачот на Барса си носел обична карамела и таа предизвика општа лавина од реакции ширум светските медиуми.

Популарно