Apple ја загуби битката за името

Кинеската компанија Xintong Tiandi го доби судскиот спор со Apple, за правото на користење на името Iphone. Станува збор за компанија која произведува женски чанти и други производи од кожа.

applll

Судот во Кина пресуди во корист на кинеската компанија, која во 2010 година го заштити името Iphone за своите производи. Apple уште во 2002 година го регистрира името iPhone, но тоа не беше одобрено се до 2013 година.

Интересно Xintong Tiandi продава и кожни футроли за смартфони кои исто така го носат името Iphone, а судскиот спор со Apple го водат од 2012 година.

Во образложението на судот се наведува дека Apple не може да докаже дека биле познат и распространет бренд во Кина пред 2007 година кога Xintong Tiandi првично го регистрирале брендот.

Apple iPhone за прв пат беше пуштен во продажба во Кина во 2009 година.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно