ВИДЕО+ФОТО: Преживеаниот карикатурист објасни зошто го нацртал Мухамед

Четириесет и двегодишниот Реналд Лузијер е карикатуристот во сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“, кој го преживеа масакрот благодарение на тоа што задоцнил на работа на кобниот ден.

ebdoNovinar12-685x320

Објаснувајќи ги своите причини поради кои тој го нацртал пророкот Мухамед за насловната страна од најновиот број на контроверзниот број, Лузијер започна да плаче.

ebdoNovinar

-Ние сме карикатуристи и цртаме мали знаци и ликови, како кога бевме деца. И терористите биле деца и тие цртале како и ние, токму како што сите деца го прават тоа. Во еден момент тие ја изгубиле смислата за хумор. Ја изгубиле душата на детето во себе -вели тој низ солзи и додава дека му е жал што повторно го нацртале пророкот Мухамед, но дека тоа на сликата е само „момче кое плаче“.

ebdoNovinar1

Инаку денес ќе излезат дури 3 милиони примероци од најновиот број на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, поради чија што карикатура минатата недела радикални исламисти убија 12 лица.

Коментари

Популарно