Видео: Еднооки се враќаат на телевизија - вечерва

Најпопуларната македонска сатирична анимирана серија, Еднооки се враќа на етерот на ТВ Сител. Според најавите на телевизијата, серијата ќе биде прикажана денеска (сабота, 7 март 2015 година), по вестите, во 19.40 часот.

Еднооки е македонска сатирична анимирана телевизиска серија од Контрабанда продукција.

3586

Серијата започна да се емитува во април 2006 година. До декември 2007 година се емитуваше на А1 Телевизија, потоа на Канал 5 Телевизија, а од декември 2011 до 2013 година на Сител телевизија. По една година пауза, во септември 2014 година популарната сатирична серија Еднооки се врати во етерот со нова сезона. Но, наместо на телевизија, карикатурите се прикажуваат на Веб платформата Parahodot.tv наменета за независна содржина. Во серијата на хумористичен начин се раскажува политичката сцена, спорот со Грција, меѓуетничките односи, односите со соседните држави, актуелните случки, животот на политичарите и секојдневниот живот на народот во Македонија.

Коментари

Популарно