ВИДЕО: Леброн испрати жена од публиката право во болница

Билетите за седиштата во првиот ред на кошаркарските натпревари во НБА се сериозно скапи, но ако сакате да бидете видени, тоа е вашата опција. Сепак, освен парите, некогаш треба да бидете подготвени да платите и поскапа цена. Оваа женаа го знае тоа најдобро.

2F79AB2800000578-0-image-a-46_1450417472408

Сопругата на познатиот голфер, Џејсон Дејн , Ели, беше смачкана од Леброн Џејмс. Обидот на „кралот“ да ја спаси топката што одеше во аут, заврши со последици. Тој буквално ја прегази Ели, која со носилка беше изнесена од арената и префрлена во болница.

По мечот, Леброн јавно и се извини:

-Се надевам дека си добро. Извини. Се надевам дека повторно ќе те видам на натпревар – рече „кралот“ додавајќи, таа ме стисна за рака само да знам дека е добро, навистина се надевам дека нема да има никакви последици – рече Леброн кој средбата ја заврши со 33 поени, 11 асистенции и девет скока. На другата страна Кевин Дурент имаше 25 поени.

Коментари

Популарно