ФОТО: Антиќ ги збудале Грците!

Македонскиот интернационалец, Перо Антиќ, блесна кога беше најпотребно и со вкупно 12 поени и 5 скока му донесе триумф на својот Фенербахче на дуелот против Панатинаикос на стартот на кошаркарската Евролига.

pp - Copy 2

Антиќ е еден од најомразените ликови кај навивачите на Панатиниакос уште од времето кога го носеше дресот на Олимпијакос, а по вчерашната пресметка уште повеќе го навлече гневот кај нив со високо кренатите три прсти во воздух, симболизирајќи Обединета Македонија.

Кошаркарот на Фенербахче по средбата ја објави фотографијата на „Инстаграм" со натписот „Вардарска, Егејска, Пиринска!!! Една е Македонија", а истата предизвика лавина од реакциии, претежно негативни од страна на грчките навивачи.

Коментари

Популарно