Граѓаните со порака до Заев: Доста ти бевме заложници, избори да има на 24-ти април

Изборите да се одржат на 24-ти април, без одложување и државата да биде ослободена од кризата која ја наметна СДСМ, бараат граѓаните.

zoran-zaev-komentarifb

Граѓаните не го кријат својот револт од однесувањето на опозицискиот лидер. Тие јавно му порачуваат дека нема да дозволат да бидат негови заложници и дека сакаат државата да оди напред, а не да живее во криза и конфликтност која ја креира СДСМ на чело со лидерот Заев.

Тие велат дека Заев не може да бега од избори и дека ако изборите не се одржат на 24-ти април, треба се она што беше договорено во Пржино да престане да важи. Преку социјалните мрежи, граѓаните велат дека ако Заев не сака избори, треба да бидат повлечени и техничките министри предложени од него, затоа што тој и онака не го почитува договорот од Пржино.

Граѓаните му порачуваат на Заев дека без избори не може да дојде на власт и дека тие нема да му дозволат да биде заобиколена нивната волја. Оценуваат дека политичарот е исплашен, но остро му порачуваат дека немаат никаква доверба во него.

fb-komentari-zaev2-640x305

На корисниците на социјалните мрежи им е преку глава од ваквото однесување на опозицискиот лидер. Го нарекуваат предавник и кукавица, а според нив СДСМ е издајничка партија.

fb-komentari-zaev3-640x485

Граѓаните знаат зошто треба да се одржат изборите на 24-ти април и велат дека ако тоа не се случи, следните парламентарни избори во земјава треба да бидат редовни, а не предвремени. Бараат Спасовски и Ременски да бидат повлечени затоа што на тоа место се поставени само поради договорот во Пржино. Поддржувачи на СДСМ, пак, бараат партијата да го смени својот лидер.

fb-komentari-zaev4-640x391

„Избори мора да има. Сакаме мир и стабилност. Доста губевме време“, му порачуваат граѓаните на Заев.

fb-komentari-zaev5-640x525fbkomentari-zaev6-640x591

Коментари

Популарно