Тројката што на Перо Антиќ ќе му го промени животот

Еден од најдобрите македонски кошаркари во историјата, македонскиот кошаркарски интернационалец, Перо Антиќ, засекогаш ќе го памети денешниот ден, но не по некоја случка на паркетот туку по раѓањето на својот трет син – Петар.

Pero-Antic-Indiana-Pacers-v-Atlanta-Hawks-PvXfO9WqYtbl

Ветеранот, кој во моментов се наоѓа во Загреб, каде што се очекува да се врати во дресот на Фенербахче по неколкумесечното отсуство поради повреда, ја постигна најважната „тројка“ во својот живот откако неговата сопруга Ружица на свет донесе здраво машко дете. Тоа ќе биде трета машка принова во семејството Антиќ, по најстариот Лука и неговиот брат Павел.

81126-pero-antikj-ja-postigna-najvazhnata-trojka-vo-svojot-zhivot

Радосната вест кошаркарот ја соопшти попладнево преку своите профили на социјалните мрежи, по што следуваа честитки од пријателите, но и од армијата обожаватели од Македонија, но и од Турција, Грција, САД и од останатите земји каде што настапуваше во својата досегашна богата кариера.

Антиќ сезонава ќе се обиде со турски Фенер да дојде до хет-трик во делот на европски шампионски титули, откако претходно двапати се искажи на кровот на Европа и тоа во дресот на грчки Олимпијакос.

Коментари

Популарно