Македонските ракометари денеска ја започнуваат битката за остварување на сонот

На дофат до најголемиот успег, на чекор до историјата, во позитивна атмосфера, полни со самодоверба и реален оптимизам, македонските ракометари вечерва ги започнуваат квалификациите за Олимписките игри.

Untitled

Ракометарите имаат огромни шанси да испишат историја, да станат првата екипна репрезентација на Македонија која настапила на Олимписки игри.

Покрај домаќинот Полска и Македонија, во групата се уште и селекциите на Тунис и Чиле. Првите две во групата се пласираат во Рио.

Македонија стартува против Полска, дуелот со домаќинот е вечерва со почеток од 20:30 часот.

Следните две средби ги играме од 18 часот, со Тунис во сабота, во недела со селекцијата на Чиле.

Домаќинот е фаворит за првото место, но Македонија покажа дека може да се носи со Полска на нејзино тло. Тунис е солидна ракометна репрезентација, но се соочуваше со сериозни проблеми во изминатиот период. Чиле е аутсајдер во групата.

Македонската јавност очекува ракометарите да направат историски подвик и веќе во недела, а можно е и во сабота да славиме пласман на олимписките игри.

Коментари

Популарно