ФИБА ја суспендира Македонија и уште 13 други земји

Светската кошаркарска асоцијација ФИБА суспендираше 14 европски земји меѓу кои е и Македонија, од квалификациите за Европското првенство 2017 година.

FIBA

Како што пренесува специјализираниот за кошарка интернет портал „Спортандо“, ФИБА казни 14 федерации за поддршката што тие ја искажаа за натпреварувањата Евролига, Еврокуп и АБА лигата, кои не се под закрила на ФИБА.

Суспендирани се: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Русија, Литванија, Шпанија, Италија, Грција, Турција, Израел и Полска.

Сепак, ФИБА остава можност суспендираните федерации до 20 април да ги преиспитаат своите одлуки за поддршката на непризнаетите од ФИБА натпреварувања и со тоа да се симнат суспензиите.

Коментари

Популарно