Борко Ристовски: Секоја камен на Порта Македонија е камен фрлен врз ракометарите!

1402038765-spo-sport-sports-sport-handball-handball-handball-handball-team-UrioATrJCa7

-Татковината се сака! Секогаши секаде. Јас ја сакам Македонија и со гордост и чест, со голема емоција и со срце на терен настапувам за нашата земја. Го сакам сето она што е македонско. И јас и моите браќа од репрезентацијата, заедно со нашиот народ, со силна емоција ги доживуваме сите чинови на успех и пораз, на тага и радост. Во 2012 со крената глава јас и моите браќа поминавме низ Порта Македонија како симбол на најголемиот успех на македонскиот ракомет. Чекоревме храбро и среќно додека над нашите глави беа симболите на комитите и на партизаните, на независноста, симболите на Македонија. Денес Портата Македонија е осквернавена, уништена, ишкртана…Секој камен фрлен на македонската порта е фрлен врз нашите ракометари и врз сиот наш труд, солзи, пот, илјадици часови тренинг, сите голови кои ги дадовме, сите топки кои ги одбранивме. Секое сквернавење на Портата е сквернавење на нашата среќа и заедничка радост која ја споделувавме заедно со народот, сквернавење на нашите победи, на македонските победи. Стоп за хулиганите кои ја сквернават Портата Македонија. Да запре ова лудило и вандализам! Македонија е вечна, напиша Ристовски на социјалната мрежа Фејсбук.

borko-ristovski-fb

Коментари

Популарно