ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Загина поранешен кошаркарски репрезентативец на Македонија!

Во сообраќајна незгода во близина на српскиот град Смедерево, живото трагично го загуби поранешниот член на македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години, Иван Нанчески (27 год.).

91647-tragichno-zagina-poraneshen-mladinski-kosharkarski-reprezentativec-na-makedonija

Станува збор за кошаркар кој извесен период играше за битолски Пелистер, а кој беше меѓу носителите на играта на жолто-црвената селекција на Европското првенство (ЕП), дивизија Б, кое во 2009 година се одигра во Скопје. Тогаш, тој просечно минуваше 26 минути на паркетот со просек од 6,6 поени, 2,4 скока и 1,9 асистенции на седум натпревари под раководство на тогашниот селектор на младинците, Емил Рајковиќ.

Неговите соиграчи од репрезентацијата го опишуваат како фантастично момче, мирно, секогаш подготвено да им помогне на другите. Во својата кошаркарска кариера, има играно уште и за Торлак, Свислајон Ваљево и за Смедерево каде што ја заврши кариерата.

Нанчески, неофицијално, загинал во директен судир со камион со приколка, кој под неразјаснети околности преминал во негова лента. Погребот ќе се одржи утре во Смедерево.

Коментари

Популарно