Перо Антиќ: Нема бегање од идиотизмот кој го прави Петар Наумовски

Откако Петар Наумовски беше избран за претседател на КФМ, поранешниот капитен на сениорската репрезентација Перо Антиќ не може да премолчи негова одлука.

antik-naumovski

„Баш вака се средува се во нашата кошарка. Дечкото верува во македонската кошарка и македонските тренери и поради тоа донесе големи стручњаци од САД да ги среди младите… Циркусот продолжува, а клубовите молчат и унијата на играчите (ако има таква) поддржуваат ваква забава! Кога сте БИП БИП БИП нека си играат мајтап со вас. Не ви чинеа Мерџан, Даниел и Лекиќ! Епа сега уживајте во модерниот кикирику на Полат Намики! (спасителот на македонската кошарка). Можда ќе го има државниот авион пак ако му се свитка зглобот, ама не знам дали знае дека е расипан. Нема бегање од идиотизмот кој го прави. Купувам 100 карти за премиерата на неговиот прв филм, само ако не се веќе продадени на политичкиот врв! Сепак и Дирк, Паркер, Гасол исто би направиле за ваква премиера. ПС: Добро ги подели медалите на шампионите Полате, како и ти доликува. Што би рекол мојот брат Веле, срамота! Добро утро на сите! Пеки спие, ќе му кажат утре што да одговори“ – напиша Антиќ на својот фејсбук профил.

13342381_10209809407296612_1316807380_n

Коментари

Популарно