Ламар Одом повторно во пеколот на дрогата и алкохолот

Неговите пријатели тврдат дека контроверзниот кошаркар веќе месец дена се обидува да сокрие дека повторно им се врати на пороците. Во неговиот стан пријателите пронашле прибор за пушење крек, а папараците го уловиле додека пиел алкохол во друштво со непозната девојка.

lamar

Минатата година Ламар се предозираш во еден бордел во Невада по што заврши во кома, а се чини дека блиската средба со смртта не беше доволна за тој да се откаже од живот со пороци.

Поради ова, како што наведуваат американските таблоиди, Клои повеќе не сака да се грижи за поранешниот сопруг.

Коментари

Популарно