Дожд, грмежи и студено време за Јуни

hitportal-leten-dozd

Денеска е вторник, 7 јуни 2016 година, 159-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 207 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 6 минути.

Денов трае 15 часа и 8 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 7 часот и 26 минути, а ќе зајде во 22 часот и 12 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дож и грмежи . Ќе дува умерен а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час.

Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 21 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер.

Утринската температура до 14степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови повторно ќе има услови нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.

Коментари

Популарно