Облачно и денеска, па се до...

20140822-vremenska

Денеска е петок, 10 јуни 2016 година, 162-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 204 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 8 минути.

Денов трае 15 часа и 10 минути.

Месечината, која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее во 10 часот и 33 минути и нема да зајде ова деноноќие.

Временска прогноза

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

До вторник во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Само во сабота ќе има преодно стабилизирање со сончево време преку целиот ден. За време на викендот ќе биде потопло, а во почетокот на наредната недела повторно ќе има благ пад на температурата.

Коментари

Популарно