Македонија влегува во Европската Унија!

Ете се случи и тоа. Една држава ја напушти Европската Унија. И како што секогаш бива, тоа беше една од највлијателните членки во ЕУ. Голем шок за Унијата, но и за Британија. Деновиве, состаноци на лидерите од Брисел, но и тешка политичка ситуација во „самостојна“ Британија. Камерон поднесе оставка, Големото кралство губи многу пари, фунтата паѓа, а Британците се чудат од резултатот на референдум. Покрената е иницијатива и се собраа огромен број потписи за нова расправа во парламентот на Велика Британија за свикување на втор референдум. Дали ќе го има или не, не се знае, но јасно е дека дел од граѓаните кои гласале за излегување од ЕУ не очекувале дека ова ќе се случи и дека сега не се сигурни дали одбрале добро. Од друга страна во Европа веќе се стравува дека и други моќни држави ќе го следат примерот на Британија. Веќе се споменуваат референдуми во Данска, Хрвастска, Полска, Унгарија... Реалноста за која пишував пред една година се случува, ЕУ се распаѓа!

eu_2013102117366-45227-54003

Унијата која веќе неколку години опстојуваше на мускули е пред брутален колапс. Колку и да ги критикуваат Британците за погрешна одлука, ова беше неизбежен процес, кој Брегзит само го забрза. ЕУ потполно ги заборави вредностите врз кои е изградена и години наназад функционираше само како економска институција, која ги наметнуваше своите лажни вредности кон новите членки или кон оние малкуте кои не се, но аспирираат да бидат во големото друштво, воедно бранејќи ги интересите само на најголемите во неа, како и на најбогатите коорпорации. Дека Унијата почна да работи против себе, односно против жителите на своите членки покажуваат многу факти. Како на пример дозволената употреба на ГМО или огомните средтсва потрошени за промовирање на нетрадиционални вредности, како ЛГБТ заедницата и нивните права. Форсирање на униормираност на цела европа, со цел на рушење на културните и традиционалните разлики на народите, како полесно би стигнале до робовладетелско општество, итн. Кога на сето тоа се додаде голамета економска криза и неколкуте речиси банкротирани членки (Грција, Португалија, Италија...), Унијата застана на работ на историјата, но некако се спаси. И кога се очекуваше заздравување, се појавија мигрантите и го зададоа финалниот удар. Најпрво ЕУ, односно бирократите кои ја раководат, донесоа план за тоа која држава колку мигранти треба да прими, по стариот рецепт. Заштити го посилниот, наполни го послабиот, но овој пат тоа не помина. Неколку држави одбија да го направат тоа и се случи невиден преседант. За прв пат во постоењето на Унијата, се донесе одлука без консензус, туку со надгласување, а со тоа се сруши темелот на постоењето на ЕУ. Токму во тој момент стана јасно дека Унијата не е заштитник на демократијата, туку на неколку членки кои преку неа демонстрираат моќ. Деновиве уште еден доказ дека моќната Европа нема намера да отстапи од својот силеџиски пристам е идејата на Германија од сега од Унијата да не може да се излезе само со референдум на граѓаните. Замислете, сега за да излезете ви треба дозвола.

Дваесет и шест години во Македонија слушаме бајки за ЕУ. Секој државнички сон завршуваше во Европа. Нашата единствена дестинација и природна, географска средина. 26 години слушаме за ветената земја во која тече мед и млеко. И сега што? Ќе чекаме од истапат сите, па ќе си влеземе во празна соба? Македонија влезе во Европската Унија! Ма ја освои!? Тоа ли е сега идејата или ќе глумиме дека не знаеме дека е готово? Повторно ли ќе слушаме како нема друга опција? Па до сите кои бевте на власт во самостајна Македонија, зошто не створивте? Или ако немаше/нема друга надворешна опција, друг сојуз, зошто не работевте не економси независна Македонија? Зошто толку енергија и пари потрошивме на влез во нешто во кое е јасно дека ќе не примат само кога нема да има чувар? Ако 26 години немавме друга опција, сега кога и таа (лажна) опција се распадна, што ќе ни кажете? Дека Македонија нема опции? Затварај фирмата и по дома?

Јасно ми е мене зошто таква реклама за ЕУ во Македонија која трае од деведесетите. Секој си го рекламира производот, па зошто да не и Брисел. Нашиве политичари се залепија на рекламата и ја искористоја вековната желба на Македонците да седнат на маса со големите и да биде еднакви. Затоа 26 години слушаме само за позитивните страни на Унијата, а има и такви, посебно ако фрижидерот дома ви е празен. Не го осудувам јас македонскиот народ, кој сиромаштијата го натера да ги заборави традицијата и културното наследство, па залажан со голема рекламна камања дури почна да размислува и за промена на името, само да има леб на маса. Но, што ако го сменевме, а Унијата се распадне за 5 години? Пак ќе сме исто сиромашни, но нема да сме Македонци. Токму затоа, ни треба нова опција. Друштво во кое ќе бидеме еднакви и без услови ќе бидеме примени. Друштво во кое нема да ни биде наметната култура или асимилација. Каде нашата култура ќе биде сметна за богатсво, а историјата за вистина. Реално сега таква унија не постои, па наша работа во следниве неколку години е да покажаеме дека можеме сами. Да ја зацврстиме државата економски и политички и спремни да го дочекаме почетокот на новото време. Време во кое ќе се градат нови сојузи, нови унии, нови центри на моќ. Ако успееме, ова ќе биде за прв пат Македонија да седне на маса еднаква со другите и да се запише како основач на моќно друштво. Ако не, не чека некоја друга „единствена опција“ или уште полошо, и ние ќе завшиме неславно како ЕУ.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно