Червар: Македонците од Вардар ќе дојдат во Металург

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија и тренер на Металург ,Лино Червар, најавува преселба на македонските играчи од Вардар во Металург. Во интервјуто за хрватскиот „Вечерњи лист“, Червар нагласува дека иднината на Металург ќе се гради на домашни, македонски играчи, а покрај нив ќе има и по некој странец.

25078-cervar-selektor-na-rakometna-reprezentacija

„Се враќаме во СЕХА лигата која од следната сезона ќе биде исклучително силна. Веспрем остана, а влегоа и словенечките клубови Целје Пивцоварна Лашко и Горење. Ќе биде тешко да се квалификуваме на Ф4 турнирот бидејќи тука се и одличните екипи на Вардар, ППД Загреб, Мешков. Се уште не знаеме со кој ростер ќе играме. Постојат некои назнаки дека вишокот македонски играчи од Вардар ќе дојдат кај нас. БНа пример Филип Лазаров. Како што слушам, Вардар ќе се ориентира главно на странци, а кај мене носители на играта ќе бидат домашни, македонски играчи“ – истакнува Червар во интервјуто за „Вечењи лист“.

Покрај македонските играчи во составот на Металург за новата сезона ќе бидат ангажирани и неколку странци, од кои и неколку хрватски ракометари.

„Ќе има, но не знам кои“ – истакнува Лино Червар.

Коментари

Популарно