Инцидентот со НЛО во СФРЈ за кој ретко кој знае

Во бивша Југославија , патнички авион од авио компанијата Pan Andria бил пратен од НЛО.Подоцна биле повикани на терен и борбените авиони mig-21 по него.

84323

-Оптичка детекција од небо и од земја.

-Радарска детекција од небо и од земја.

Авионот полетал од Загреб за да стаса до Белград.

Изјави на пилотите послем 30тина години од настанот.

-Лето 1977 година, полетавме нормално со 55 патника од Загреб,беше необично пријатна ноќ.Кога полетавме веднаш го здогледавме од десната страна тој објект со црвено светло.

Не следеше од Митровица, па се до слетувањето.Целиот пат објектот се движеше паралелно со нас.

Светлото беше интензивно,јако,така што не можеше да се идентификува ниту пак да се погледне во него.

Не пратеше на истата висина и со истата брзина на нашиот авион.

При последниот маневар и последното спуштање пред дозволата за слетување на околу 300 метри Неидентификуваниот Летечки Објект (НЛО) престана да се движи.

Кога слетавме , испаднавме од кабината и го здогледавме објектот од земјата на истата височина каде што не остави.

Објектот буквално лебдеше без да испушти звук , што по тоа се подразбира дека не е Хеликоптер.

Кога се упативме до контролата , таму бевме пречекани од куп на цивилни и воени пилоти.Ни посочија тоа што го видовме да остане тајна и дека и тие го истражувале објектот и дека целата војска заедно со воените авиони mig-21 се на готовс.

Ние подоцна продолживме со нашиот регуларен лет до Белград.Но послем една до две минути по полетувањето повторно истиот објект со истото светло се појави паралелно до нашиот авион.

Подоцна поради идентификација на леталото моравме да го свртиме нашиот авион кон него,така што сега леталото беше точно пред нас.Објектот ОДЕДНАШ достигна брзина од 10 МАХА односно околу 11.000 километри на час!!!

Подоцна утврдивме дека според радарот ова НЛО би требало да биде големо околу 150 метри!

Подоцна објектот започна со огромна брзина да се движи накај нас , па така ние моравме да го смениме правецот и да слетаме во Ваљево.

Подоцна наредниот ден добивме закани по нашиот и по животот на нашите семејства да го премолчиме овој настан.

Подоцна имаше некој изјави дека всушност МИГОВИТЕ односно борбените авиони mig-21 полетали и дека пробале да го срушат но тоа било неуспешно и барем еден војник загинал во пресметката и 2-3 МИГОВИ биле срушени.

Автор: Петар Тумбов

Коментари

Популарно