Грците и Хрватите брутално се истепаа во вода на ватреполо натпревар (ВИДЕО)

Младинските репрезентации на Хрватска и Грција се степаа во базен на ватерполо турнир во Белград.

Меѓународниот ватерполо турнир до 19 години кои се одржуваше во Белград, заврши со ретко виден скандал, тепачка во базенот помеѓу ватерполистите на Хрватска и Грција.

Натпреварот од финалето помеѓу Хрватска и Грција е прекинат на четири минути до крајот при резултат 11-9 за Хрватите и не е продолжен. Но златото е доделено на Хрватска поради водството.

Грците се жалеле на груба игра на Хрватите, а потоа ги нападнале во базенот, се во вода влегле и играчите од клупа за тепачката да биде уште помасовна.

Коментари

Популарно