(ФОТО) Серена Вилијамс ги шокираше фановите на Вимблдон со брадавиците!

profimedia

Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс ги шокирашe гледачите на Вимблдон, откако на теренот се појави во фустан која ги открива градите.

Американската тенисерка за мечот против Анастасија Пављученкова облече речиси проѕирен фустан. Гледачите кои го следеа нејзиниот меч беа исклучително изненадени од стајлингот на тенисерката, наведувајќи дека им било непријатно.

„Дали треба да се жалам што гледав во градите на Серена во текот на мечот?“, гласел еден од коментарите на социјалните мрежи, додека друг корисник истакнал дека телевизиите би требало да издадат соопштение до гледачите, дека ќе бидат изложени на голотија.

Од друга страна, бројни гледачи ја критикувале компанијата која го изработила спортскиот фустан на Серена, бидејќи не бил доволно дебел за да скрие сè што треба.

- Тенисерките сами одбираат што ќе носат на теренот и на тоа организаторите не можат да влијаат. Тие оваа година одбраа провокативни фустани и поради тоа останавме шокирани - рекол еден од организаторите на турнирот кој сакал да остане анонимен.

profimedia-0

profimedia-0293318984_1000x0

Коментари

Популарно