САД си ги бара назад 55 милиони долари финансирани во Македонија!

Теориите на заговор се стари колку и човештвото. Секогаш се наоѓал некој, кој ќе склопи добра приказна и ќе им ја продаде на дел од луѓето, па со тоа ќе испровоцира настан во своја корист. Барем така било на почетокот, за подоцна играта да стане посложена. Сега многу реални чинители на зло, за обвинувањата од оштетениот ќе речат дека се теорија на заговор.

rb

Една од најпознатите случки за теорија на заговор во последниве 20тина години е „хемиското оружје“ на Ирак, коа беше причина за уништување на земјата од страна на „мирољубивите“ Англија и САД. Денеска на сите ни е јасно дека азиската држава никогаш не поседувала оружје за масовно уништување, но Садам Хусејн е мртов, исто како и државата. Исто така на сите ни е јасно дека апсолутно никој нема да одговара за неоправданата агресија. Нема кој да им суди на Британија, а посебно на САД. Империјата која успеа да го убеди своето население дека воените напади над други држави се всушност одбрана на сопствената, со логото „Подобро да војуваме против тероризмот кај нив, одколку кај нас“, е доволно моќна за да биде посебна пред меѓународното право и суд.

Не ова не е теорија на заговор, господине Бејли, ова е вистината. Многу ми е јасно, и не само мене, дека адмиснистрацијата, па дури и населението на САД за себе мисли дека се посебни. Го кажа тоа и Обама пред една година. И тоа е во ред, се додека не оставите и нас останатите да бидеме посебни. Но, тоа не ви е во агенда.

Текстов е посветен на вчерашното соопштение од американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли. Тој вели дека „ Апсурдни се обвинувањата дека САД ја дестабилизираат Македонија“. Во ред, еве ќе се сложам. САД нема никаква желба да ја дестабилизира Македонија. Тоа никогаш и не била целта. Не беше ни во 2001 година кога решија дека нашиот Устав не ја отсликува реалноста, и дека мора да се смени. Војната не им беше цел, туку оружје. Метод како да се смени уставот. Кога Македонија покажа дека нема вистински лидер кој ќе го смени Уставот и на Албанците кои живеат тука ќе им ги даде правата кои реално ги заслужуваа, мораше да пукне. Кога веќе се случи војна и жртви на двете страни, кога државата тргна кон пропаст, истите оние македонски политичари кои не сакаа да им дадат права на Албанците се исплашија и решија дека е време да се потпише Рамковен. Е ама договорот пред и по војна е различен, па освен правата за Албанците во Охридскиот договор се смени и преамбулата со која Македонците повеќе не се државотворен народ во својата држава. Тоа и не беше прв пат Македониај да го промени Уставот под притисок на Империјата. Се случи тоа и претходно, кога сменивме знаме, прифативме БЈРМ, се откажавме од малцинството во соседните земји. Се случи и подоцна, кога ден пред референдумот за територијална организација на државава, САД не призна под уставно име. Коинциденција господине Бејли? Сериозно?

Еве и сега слична приказна. Бејли вели дека САД се заинтересиани за професионално, транспарентно, ефикасно судство во Македонија, кое својата работа ќе ја извршува со кредибилитет. Токму затоа САД издвоиле 55 милиони долари за развој на капацитетите на македонските судови, судии, обвинители, адвокати и полиција во последниве 15 години. Ок, да бев човек кој верува во подароци во светска политика ќе ви речев фала, но ништо не е бесплатно во светот на големите, посебно кога си имате работа со Империјата. Токму затоа изјавата на Бејли може да се прочита и како: „15 години САД плаќа за обука на судии, адвокати, полиција, обвинители. Потрошивме 55 милиони и сега е време да се раздолжиме“. Или на јазикот на амбасадорот, „Payday“. Време е цел тој кадар платен од САД, да покаже дека знае кој е газдата. Време е долгот да се плати. Слично како и кај „невладиниот сектор“ кој 26 години е финансиран од еден Американец и амбасадата на САД, па сега е принуден секојдневно на улица да глуми народ. Коинциденција е што барањата на „Шарените“ се поклопуваат со оние на СДСМ и се подржани од Амбасадата на САД. Уште една коинциденција господине Бејли?

Сигурен сум дека човек кој е назначен за Амбасадор на САД има капацитет и познавање на светските состојби. Јасно ми е дека Бејли знае многу подобро од мене дека САД  својата политика и идеологија не ја турка само во Македонија. Пред некој месец хрватската претседателка изјави дека не е работа на амбасадорите во нејзината земја да зборуваат за слобода на медиуми и веднаш следниот ден во медиумите се појавија пишувања за нелегитимно финансирање на најзината изборна кампања. Тоа е принципот на работа на Имепријата. Многу, за нив погодни коинциденции. Следната таква кај нас ќе биде веднаш по посетата на Нуланд во Скопје за неколку дена. Кога ете баш за чудо следниот ден ќе се формира специјален одел во кривичниот суд за обвинениата произлезени од Специјалното обвинителство.

Тоа нема да ја дестабилизира Македонија, бидејќи САД нема интерес во нестабилна држава на Балканот во моментов. Целта е дестабилизација на ВМРО и менување во врвт на партијата и тоа ќе се случи.

Сепак, господине Бејли вие не сте виновни што сето ова ќе помине. Вие не сте преставник на македонскиот народ и нема зошто да ги штитите нашите интереси. Тука сте да ја застапувате Америка и тоа го правите одлично. Кога и ние би имале политичари како вас, кои до последно ќе ги застапуваат интересите на државата и ќе ја наметнуваат вољата на нашата држава, состојбата би била многу подбра. Но, кај нас само на политички митинзи може да се слушнат слогани во стило „Секогаш на браникот на Македонија“, а кога ќе дојде моментот на одлука, на сите политчиари досега, послатка им била фотељата. Токму затоа во 26 години самостојност Македонија нема политичар прифатен од целата маса. Се сменија гарнитури во сите партии, но ЛИДЕР не се роди. Сите зборуваат за херои и предавници, а заедно седна и го потпишааа Рамковен, сменија име, знаме, се откажаа од малцинство, потпишаа Пржино. Токму затоа господне Бејли, вие Американцит сте империја, а ние она што ни дозволувате да бидеме.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно