Собир на кошаркарите: Антиќ, Самарџиски, Чековски и Мираковски не се појавија

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, го исполни она што го вети и ги покани сите коашркари за кои мислеше дека заслужуваат да играат за Македонија, но резултатот не ги исполни неговите очекувања. Веднаш по средбата со новинарите селекторот Драган Раца го имаше и првиот состанок со репрезентативците. На него се појавија дванаесет играчи, а оправдано (поради болест) отсуствуваше само Марко Симоновски.

Кошарка-Македонија-Белгија-10

По она што можеше да се забележи во СЦ „Јане Сандански“, Македонија и во следниот квалификациски циклус ќе биде предводена од близнаците Војдан и Дамјан Стојановски, заедно со двоецот на Куманово, Костоски – Трајковски. Од редовите на кумановци присутни беа и Јаневски и Караџовски, на првиот состанок дојдоа и младите играчи на МЗТ, Младеновски и Мекиќ, потоа центарот на Работнички Бојан Крстевски, „новиот Македонец“ Дујковиќ, како и Кире Николовски и Стојан Ѓуроски, кој забрзано се рехабилитира по операцијата на ногата и ќе биде во комбинација за настап.

Од оние кои беа повикани од страна на Раца, а очигледно нема да бидат дел од репрезентацијата, не се појавија Перо Антиќ, Предраг Самарџиски, како и Ѓорѓи Чековски и Димитар Мираковски, за кого кормиларот на националниот тим на претходната прес-конференција најави дека ќе се обиде да ги врати во црвено-жолтиот дрес.

Коментари

Популарно