Кога сите кренаа раце- Шумахер почна да реагира

„Михаел Шумахер реагира на лекарскиот третман“, е изјавата некогашниот шеф на Ферари, која во вторникот ја објавија многу светски медиуми, меѓу нив и Дејли Мирор.

шуми

Англискиот таблоид потсетува дека грижата за тешко повредениот германски возач и понатаму ја водат доктори 24 часа дневно, во неговиот дом на Женевското езеро, но и дека три години по несреќата и понатак е во тешка состојба.

Шест месеци лежеше во индуцирана кома по несреќата во 2013, а потоа малку информации во јавноста дава неговата портпаролка Сабина Кем. Затоа секоја информација предизвикува бура, па така и оваа на Лука ди Монтеѕемоло, кој вели:

„Многу сум радосен што знам дека реагира и знам дека благодарејќи на својата одлучност ќе пронајде излез од оваа тешка ситуација.

Коментари

Популарно