ВИДЕО: Кошаркарскиот репрезентативец на Македонија со пиштол во рака меша со Атина ферари

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Марко Дујковиќ покажа дека одлично се снаоѓа не само на теренот, туку и пред камерата. Тој бил дел од еден контроверзен музички спот во Србија. Центарот кој е висок 226 сантиметри учествувал во спотот на песната „Во кафана", на групата „Џокара и Грејачи".

99868-dujkovikj-so-pishtol-i-pivo-vo-racete-mesha-pred-srpskata-starleta-atina-ferari-video

Кошаркарот има една од главните улоги во спотот, каде учествува и познатата српска старлета Атина Ферари. Дујковиќ свири на контрабас, му „лепат" пари, а подоцна игра со пиво и пиштол во рацете, додека пред него игра старлетата.

Дујковиќ годинава е повикан да дебитира за репрезентацијата на Македонија.

Коментари

Популарно