Шкендија, Балистите и Заев – предавници или патриоти?

По многу години и поразот на Работнички од Лил, во Македонија бевме сведоци на евроспки фудбал во последната декада од Август. Овој пат тоа беше Шкендија. Фудбалерите од Тетово дојдоа до портата за влез во Лига на Европа, но не успеаја. За утеха им остануваат 800.000 евра и подигнато реноме на македонскиот фудбал во УЕФА. Долго ќе се прераскажуваат победите на Шкендија во кругот на фудбалски фанови на тетовчани, но и негативниот набој и крај на приказната што го предизвикаа неколку недомислени, глупави потези.

DCIM100GOPRO

Кога еден тим, аутсајдер игра во реномирано фудбалско друштво, целиот народ застанува зад тимот и ги бодри своите идоли. Така беше кога Вардар рамноправно се носеше со Спарта Прага, но не издржа, така беше и кога Работнички даде се од себе против Лил. Така беше и во првите две кола кои годинава Шкендија ги мина во квалификациите за Лигата на Европа. Не познавам ниту еден човек кој не навиваше за црвено црните од Тетово, но... Синоќа сликата беше поинаква. Од целото мое опкружување, остана само еден Македонец кој навиваше за победа на Шкендија и пласман во групната фаза. Сите други, навивавме за тежок пораз, дебакал на македонскиот преставник. Гент ја исполни фаворитската улога и нашата желба, а Шкендија со наведната глава ја напушти арената Филип Втори.

Веќе 2-3 сезони на секој меч против Вардар на кој домаќин е тимот на Шкендија, има сериозни инциденти и нападнати играчи од шампионот на Македонија. Лани повредија 2-3 играчи од Вардар на терен! Го искршија автобусот на скопјани, а при секоја посета на Филип Втори го демолираат стадионот. Но, и покрај ова, повеќето Македонци навиваа за Шкендија во квалифакициите. Глупостите на „Балистите“ им ги простивме со сличните такви на „Комитите“ (иако публиката на Вардар никогаш не нападнала играч на Шкендија, ниту демолирала автобус), но прекрстување на Филип Втори од страна на истите „балисти“, некои медиуми од Албанија, па и од Македонија, не можевме. Иако управата на Шкендија се огради од тоа, не превзема буквално ништо да го спречи. Дека и тие се виновни за дивеењето на нивната навивачка група покажа и синоќешниот натпревар на кој беше нападнат противничкиот голман. Нема да навлегувам во ментална проценка на неандерталецот кој сакаше да тепа спортист, но јасно е дека обезбедувањето повторно не беше на висина на задачата. За тоа е виновна само Шкендија и никој друг. На трибините имаше многу политички слогани, што во фудбалот се строго забранети и истите мора да се одземаат при влез, како и неколку тепачки.

Очигледно е дека Шкендија сака да гради имиџ на Албански клуб и да форсира меѓуетничка нетолеранција со цел да привлече повеќе албанска публика, но не разбирам зошто ова никој не го казни? На кого му одговара сето ова? Шкендија глуми ривал на Вардар, но за тоа да биде реална слика треба да помине барем една деценија на ова ниво. Ривалство се гради со години, не со камења по автобус. Пред само две недели Вардар ги потопи во Скопје, а лани истото им се случи и во Тетово. На терен се гради ривалитет, не по улица викајќи „Динамо Загреб“! Иако поминаа само 3 кола од макеонското фудбалско првенство, Шкендија е веќе во незавидна позиција и титулата е на Вардар да ја изгуби или одбрани. Освен тешкиот пораз во Скопје, на тетовчани треба да им бидат одземени бодови и за прекршување на правилото и пријавување на тим без играч под 21 година во првото коло. Кога за ривал имате екипа како Вардар, ова е 90% завршено првенство. Сега очекувам повторно закани дека Шкендија ќе истапи од лига и ... па до тука одат заканите, бидејќи реална солуција ако истапат од лига, нема.

И како да не беше сето ова доволно за негативен впечаток, од трибините на Фили Втори синоќа се појави селфи од Заев! Ајде што познатиов знаач и љубител на фудбал дошол да гледа Шкендија – Гент, мораше и да се пофали. Речиси и 100% сум сигурен дека лидерот на СДСМ само затоа и дошол на Филип Втори и дека не знае ниту еден играч на Шкендија. но приказната не завршува тука. Денеска војна по порталите. Едниот табор вели дека Заев е предавник, а другиот го величи патриотот од Струмица! Како тоа? Што на пример го прави патриот? Еве јас не разбирам, како тоа од гледање (или барем седење на трибина) фудбал се станува патриот? Сите ли што беа вчера на стадион се патриоти или само тој? Еве јас не знам и кого тоа предал Заев со тоа што бил на стадион? Знаете дека човекот освен што е претседател на СДСМ е и граѓанин на Р.Македонија и дека има право да навива за кого сака без да сноси никаква одговорност за тоа? Заев синоќа не беше на Филип Втори официјално како претседател на СДСМ или градоначалник на Струмица, туку како сите други 28.000 навивачи. Сите ли се предавници? Којзнае човекот може навивал за Белгијците! (тие во жолто)

zaev-pesevski

По долги години Македонија европски фудбал во Август, но наместо спортско уживање добивме политички игри и провокации. Освен момците кои гинеа на терен, сите други вмешани во ова фијаско треба да размислат, на кого му оди во полза ваквиот расплет и до кога „соживот“ ќе биде само збор на политички митинзи.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно