(ФОТО) Јелена Ѓоковиќ одговори на сомнежите дека Ноле ја изневерува

Јелена вообичаено не коментира за сите шпекулации што досега се појавија во врска со приватниот живот меѓу неа и Ноле.

gjokovikj_-_01

gjokovikj_-_02

Откако беше елиминиран во рана фаза од турнирот во Вимблдон, италијанските медиуми на големо распалија со приказни дека причините за слабите игри на Новак Ѓоковиќ се семејните проблеми, односно дека е пред развод од неговата сопруга Јелена. Причина за тоа им беа изјавите на Ѓоковиќ во кои спомна семејни проблеми, при што додал дека секој во животот се наоѓа пред предизвици.

Новак_Ѓоковиќ_2

Јелена вообичаено молчи за сите шпекулации што досега се појавија во врска со приватниот живот меѓу неа и Ноле. Сепак, овој пат се чини не можеше да молчи, па се реши да одговори на провокациите.

Јелена објави фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм од забава со пријателите на која таа е со Ѓоковиќ. Двајцата добро се забавуваат и, судејќи според фотографијата, добро им оди во заедничкиот живот. Се претпоставува дека Јелена со таа фотографија сака индиректно да им укаже на сите дека нивниот брак не е во никаква криза.

#tbt Team NDF!! ❤️❤️❤️❤️ @novakfoundation

A photo posted by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Новак и Јелена се венчаа во 2014 година, пролетта, а веќе зимата истата година им се роди и син.

Precious moments ❤️ #love #family

A photo posted by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Коментари

Популарно