ОФИЦИЈАЛНО: Владо Илиевски потпиша за Работнички

Поранешниот македоснки кошаркарски репрезентативец, еден од најдобрите кошаркари во историјата на македонската кошарка, официјално е нов играч на КК Работнички од Скопје.

44633-ilievski-lugjeto-vo-mkf-ne-smeat-da-go-smenat-dzhikikj-toa-nema-da-donese-nishto-dobro

Владо Илиевски е суперзасилувањето за тимот на Работнички за следната сезона откако искусниот бек утрово и официјално потпиша со најтрофејниот македонски клуб. Работнички неколку години се интересира да го доведе Илиевски во своите редови, но еве сега се поклопија коцките и поранешниот репрезентативец кој последно настапуваше во Лега А во тимот на Орландина и официјално се обврза на верност на клубот од Градски Парк.

Договорот е со важност од една година, но во истиот постои клаузула која му овозможува на Илиевски да замине во странство до крајот на оваа календарска година.

Во период кога Работнички става акцент на создавање на млади игрчаи кои во иднина би го носеле дресот на овој клуб, аквизицијата на Илиевски ќе биде од голема помош за нивниот понатамошен развој како кошаркари. По неговото доаѓање станува јасно дека Работнички рпави сериозен ростер со кој ќе атакува на висок пласман во домашното првенство.

Коментари

Популарно