Македонската тениска надеж, Ведран Радоњанин ја освои Тирана

Македонската тениска надеж го освои првото место на меѓународниот турнир во Тирана (Албанија) за натпреварувачи до 14. годишна возраст.

1526472_1076598945709588_6733836090738695146_n-75536

Во големото финале Ведран Радоњанин (1. носител) со пресврт од 2:1 (4:6, 6:4, 6:2) го совлада вториот носител во сингл конкуренцијата, Даниел Триантрафилу.

На патот до финалето Радоњанин славеше победи против Дин Карахоџа (Германија, „вајдл-кард“) 6:0, 6:3, Мартин Муедини (Албанија), 6:0, 6:3, Енрико Тато (Италија) 6:4, 6:4 и третиот носител Марк Лајал (Естонија) 6:2, 6:4.

Коментари

Популарно