Колку земјотреси го потресоа Скопје во последниве 3 дена?

Во три дена, Скопје се тресеше 17 пати, а потресите направија вистинска паника меѓу граѓаните. Во неделата биле регистрирани 12 земјотреси, вчера 4, а утрово еден, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

zemjotres-skala-02-04-2-630x320

Најсилниот земјорес беше регистриран во неделата во 15,10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје. Во неделата во 7 часот наутро беше регистриран земјотрес од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Сите овие земјотреси беа со епицентар во скопското подрачје.

Вчера вечерта скопјани почувствуваа два последователни земјотреса во 19,53 часот – првиот земјотрес беше со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот и на овие земјотреси бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје. Вчера во 11,50 и 14,19 беа почувствувани земјотреси со магнутуиди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Коментари

Популарно