Скопските земјотреси инспириаа песна

На социјаните мрежи како инспирација од секојдневните стресови и непреспани ноќи, денес се појавија стихови кои несомнено го опишаа страдањето и стравот на Скопјани.

zemjotres_10

Силвана К. како автор на оваа песна успеа за кратко време да го придобие вниманието со своите напишани зборови за земјотресите во вид на песна која не треба да биде пеена туку читана како поезија за да се разбере содржината која за многумина е потресителна.

Сé на сé, искрена порака и одлично промислена и длабока песна од која можат да се извлечат пар важни заклучоци:

И ЗЕМЈАТА РЕШИ ДА ЗБОРИ

Татнеж силен в миг се стори!

Чудно чудо и земјата реши да збори!

Еј ситни души, клети и изгубени,

од нечестивиот, од мракот сте заробени!

Каде се добрината и праведноста?

Во вас одамна царува алчноста!

Еј лоши луѓе, саможивни и злобни!

Не срдете го Бога, ќе следат денови кобни!

Да! Јас сум таа, Земјата што ве храни!

Овојпат, ќе дрмам, ќе тресам на сите страни!

Еј луѓе мои, кај отиде човечноста?

Молете се брзо, спасете ја вечноста!

Моево тло издржало непогоди разни,

од поплави, пожари па и војни безобразни!

Простете, но ја поместивте секоја граница!

Запрашајте се која ќе ви биде следна станица?!

Но сеуште еве јас надеж ви давам,

извесно време на пробен тест ве ставам!

Покајте се бре луѓе, за секоја грешка,

од срцата да ви падне онаа грутка тешка!

Подајте си рака меѓусебно,

од тоа нема ништо повредно!

Не судете по нација и вера!

За да сториш добрина, тоа нема мера!

Господ е голем, вие сте негови чеда!

Покајте се искрено за својта духовна беда!

Ширете насекаде љубов и доблести!

Да нема веќе потреси и земјотреси!

Ете, јас Земјата, тоа имам да ви кажам!

Поправете се, покајте се и нема да ве лажам!

Ако љубовта во вашите души пак зацарува,

потреси нема веќе да има,

мојто тло ќе мирува!

Коментари

Популарно