Антиќ удри по КФМ: Погледнете се в очи и засрамете се од сѐ што направивте!

Откако македонската кошаркарска репрезентација не успеа да обезбеди пласман на Европското првенство кое се игра во 2017 година, со свој став се огласи најдобриот македонски кошаркар, Перо Антиќ.

пепепе

Членот на Фенербахче веќе извесно време е во конфликт со раководството на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), но и покрај тоа реши да го каже своето мислење за моменталната состојба во мак-баскетот. Тоа тој го направи преку социјалната мрежа Фејсбук, од каде порача дека челниците, односно „Полат“ (претседателот Петар Наумоски н.з.) треба да престанат да ја префрлаат вината еден на друг и дека треба да се погледнат в очи и да се засрамат од сѐ што направиле.

Во продолжение, погледнете го во целост фејсбук-статусот на Перо, кој на 30 септември заедно со својот Фенербахче ќе му биде гостин на Работнички во Скопје.

пероо

Коментари

Популарно