Се смееме на кловнови, а живееме во циркуз

Најтешко ми е да напишам текст кога причината или провокацијата за истиот е многу очигледна. Не ми се седнува на тастатура, ма ни уста не ми се отвара, затоа што мислам дека заклучокот е многу очигледен и секој клик на мојот компјутер непотребен потег. Така беше и вчера, по објавувањето на целосната верзија од болното интервју на специјалната обвинителка Катица Јанева. Но, како и многупати досега, и вчера бев разочаран од најчитаните колумнисти во државава. Од новинари, до експерти, сите го промашија (мојот) заклучокот.

Untitled

Повеќето од текстовите се сведоа на напади на Јанева, а мал број вината се обиде да ја најде во МТВ или во оние кои ја објавија снимката. И толку! Да бидеме на чисто, обвинителката од Гевгелија и без ова интервју јасно покажа со колкав интелектуален капацитет располага. Интервјуто воопшто не беше шокантно, ниту изненадувачко, туку очекувано. Жената веќе неколку месеци се мачи да прочита два реда на секој прес на СЈО. Не паметам дека барем еднаш се задржала подогло од 20 миннути (потебно време да ги прочита двата реда) на било која дешавка во СЈО. Зошто се сега сите толку изненадени, мене не ми е јасно. За мене не беше чудно ниту интервјуто со договорени прашања. Сите новинари знаат дека помина времето кога било кој новинар на договорено интервју смееше да изненади со свое прашање. Ако нешто ме чуди од гостувањето на Јанева во МТВ е дека јавниот сервис и покрај квалитетот на интервјуто се реши истото да го сподели со публиката. Па не е проблемот само во тоа што Катица не успеа да прочита три збора без да се збуни и што мораше да одат кадри од собрание и што ти не, туку во тоа што Јанева не одговори на ниту едно од договорените поставени прашања. Кој и го спремал листот? Ги договориле прашањата и спремиле одговори, но прашњата и одговорите немаат врска едни со други?! Па дај бре луѓе, за што ве плаќаат?

Сепак, интервјуто, без разлика дали сте го очекувале или ве шокирало, е најмал проблем. Проблемот е што токму институцијата водена од Јанева е столбот за решавање на политичката криза во Македонија. Политичките лидери во Македонија токму на неа и ја доверија задачата на „Специјална“. Токму на обвинителка од Гевгелија и ги предадоа прислушкуваните разговори! Зошто? Кои критериуми ги исполни? Зошто за неа гласаше собранието? Што тие видоа во жената што има сериозен проблем да прочита закон, а камо ли да го научи? На јавноста и требаше само еден прес на СЈО за да сфати дека специјалната е навистина специјална, а елитата во македонската политика го скрши уставот за да ја изгласа! Кое им е оправдувањето? Каков впечаток остава оваа жена на средба со амбасадори? Ако македонскиот го владее на овој левел, можам да го замислам англискиот.

Катица нема капацитет ниту средно училиште да заврши, но нема ни обврска на мене (обичниот граѓанин) да ми се правда. Јас не ја избрав. Не скрши устав за на чело на неуставна институција да постави тотално неспособна личност. Тоа го направија оние кои народот во Макеоднија ги избра. Едните ја предложија, другите ја прифатија, а сите заедни ја изгласаа. Нели чувствувате сега одговорност? Гледам вчера една пратеничка вели дека Јанева е срам за оваа држава! Госпоѓо вие ова сериозно? Вие ја ГЛАСАВТЕ!!! Не е Катица крива! Таа сирота уште не знае дека нејзини поколенија ќе бидат обележани од срамот што им го приредува, но вие знаевте кого гласате. Одговорноста е кај вас за овој срам! Каква порака му праќате на светот? Каква порака праќате кај младите во Македонија? Дека и не мора да знаат да читаат за да добијат функција? Дека одговорноста може да се префрли на марионета без капацитет да направи избор? Го погазивте уставот и предадовте моќ на кловн на кој сега цела Македонија, вклучувајќи ве и вас, му се смее?

Смеата ќе заврши. Шокот од интервјуто ќе помине. Катица ќе се крие од микрофони, а МТВ ќе направи нови (подобри) интервјуа. СЈО ќе продолжи со неуставното функционирање, политичарите ќе си ја префрлаат одговорноста едни на други. Ќе дојде и 11ти Декември. Можеби ќе има и избори.... и ништо нема да се смени. Тоа е шокот во кој сме веќе 25 години. Се смееме на кловнови, а живееме во циркуз.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно