Се редат коцките: Кире Лазаров догодина во Вардар!

Десниот бек на Фленсбург, Холгер Гландорф, од следното лето би можел да се пресели во Барселона, барем според пишувањата на порталот „hballtransfers“, а тоа веројатно ќе значи дека капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, нема да го продолжи договорот со каталонците, пренесе 24ракомет.мк.

mkd-139941

Имено, во текот на преносот од мечот меѓу Силкеборг и Фленсбург, поранешниот тренер на Хамбург, Мартин Швалб кој сега работи како стручен коментатор за престижната ТВ мрежа „Скај Спорт“, изјавил дека Гландорф веќе ги започнал преговорите со Барселона и дека 33-годишниот десен бек нема да го продoлжи договорот со бундеслигашот, што му истекува следното лето.

Ист е случајот и со Кире Лазаров, чиј договор истотака завршува на лето. Во Барселона на десен бек освен Лазаров од оваа сезона ќе настапува младиот Французин, Дика Мем, но во каталонскиот гигант сигурно нема да ризикуваат да останат само со еден неискусен играч на таа позиција.

Капитенот на македонската репрезентација пак, повеќепати досега „беше виден“ во Вардар, но следното лето ќе има простор за евентуалниот договор да биде реализиран. Алекс Душебаев заминува во Киелце, па македонскиот првак останува ослабен на позицијата десен бек, затоа шпекулациите околу евентуалниот трансфер на релација Лазаров-Вардар, после многу години претпоставки и дезинформации можеби конечно ќе се реализираат .

Коментари

Популарно