Американски кошаркар починал на првиот тренинг во Охрид

Првиот тренинг кој требало да го одработи за екипата на АБ Охрид, бил фатален за 26-годишниот Американец Камерун Мур. Играчот, кој требаше да биде засилување за Охриѓани во Првата лига, починал на првиот тренинг.

Кошарка-618x463

Камерун Мур, Американец, кој требаше да биде засилување за АБ Охрид, колабирал, во вторникот на вечерниот тренинг. Во салата „Атина Бојаџи“ веднаш била повиката итната медицинска помош, но лекарите кога пристигнале можеле само да ја констатираат смртта.

Случајот е пријавен во охридската полиција, а телото на починатот Мур е предадено на обдукција.

Коментари

Популарно