ВИДЕО: Како да направите помфрит како во МекДоналдс?

Доколку сте од оние за кои помфритот од „МекДоналдс“ е најфкусниот, ви пренесуваме рецепт за највкусниот помфрит на светот:

gty_french_fries_mcdonalds_kb_150121_16x9_992

За почеток потребни ви се неколку компири, потрудете се да бидат поголеми, а потоа излупете ги и исечете ги. За да бидат со иста големина, најдобро е да користите сечкалица, но можете и со нож.

Потоа земете сад, ставете студена вода и потопете ги компирите. По пет минути, извадете ги компирите за да се исцедат, а потоа во садот ставете зовриена вода.

Сега следи тајната: во зовриената вода ставете малку шеќер и сируп од пченка. Оваа комбинација ќе му даде крцкавост на компирите.

Потоа префрлете ги компирите во овој сад и оставете ги десет минути. Извадете ги компирите на хартија, а потоа ставете ги во фрижидер на 20 минути, а потоа испржете ги во фритеза.

Она што е важно е помфритот да го пржите два пати. Птвиот пат држете го фритеза само 2 минути, извадете го на хартија и оставете го 10 минути. Потоа повторно вратете го во фритеза и пржете уште 5-7 минути.

Вашиот помфрит од Мек е готов! Уживајте!

Коментари

Популарно