Вардар ја прекина соработката со Индира Кастратовиќ

По натпреварот од првото коло во Б групата од лигата на шампионите клубот реши да ја прекине соработката со тренерот на првиот тим Индира Кастратовиќ.

vardar-ja-prekina-sorabotkata-so-indira-kastratovikj-7031

На денешниот тренинг на играчите им беше соопштена одлуката за промената на тренерот. Ракометарките продолжуваат да се подготвуваат за следните предизвици во ЛШ, а без оглед на промените амбициите остануваа исти, а тоа е напад на самиот европски врв. На натпреварот од Б групата од ЛШ, во првото коло Вардар одигра нерешено, 27-27 со ФТЦ Будимпешта.

Кој ќе ја замени Кастратовиќ на клупата ќе биде познато деновиве а клубот дополнително ќе објави детали околу идните чекори за ангажирање на тренер. Досегашниот помошник Аце Станковски останува дел од стручниот штаб и во иднина.

Кастратовиќ во Вардар беше од есента 2012 година, и со екипата четирипати по ред беше првак на Македонија и трипати го освојуваше Купот на Македонија. Трипати игравме на завршниот Ф4 турнир во ЛШ, и го освојувавме третото место.

Клубот е среќен што овој период соработуваше со тренер кој остави белег на патот до трите бронзени медали од Ф4 турнирите во лигата на шампионите.

Вардар сезонава по четвртипат игра во групната фаза од лигата на шампионите, и сме во група со екипите на ФТЦ Будимпешта, Астраханочка и Лајпциг. Во следното, второ коло од група Б на 21 октомври во Скопје доаѓа тимот на Лајпциг. На 29 октомври гостуваме кај Астраханочка, а потоа на 5 ноември се домаќини на рускиот првак.

Коментари

Популарно