Најсебичниот текст за Тоше Проески

Дел од теоретичаите кои се обидуваат да ја објаснат љубовта тврдат дека всушност станува збор за најсебичната емоција кај еден човек. Велат дека љубовта не е ништо друго освен потреба да се чувствувате убаво, па доколку некој прави да се чувствувате поубаво, вие таа позитивна емоција ја пренесувате на него и ја викате љубов. Кога тој некој ќе го снема во вашиот живот, вие не жалите по него затоа што ви недостига како личност, туку ви недостига убавото време поминато по него. Вашата вредност, уживање. Себично, нели?

timthumb

Иако лично никогаш нема да ја прифатам оваа теорија на љубовта, овој пат нема ни да ја отфрлам. Нека е себичност. Себичен сум, во ред. Сите сме себични. И така себични пред точно 9 години сите плачевме по човекот кој не правел да се чувствуваме прекрасно. Ете ние сме себични, но што тоа кажува за него? Зошто тој правел сите ние да се чусвтсвуваме посебно? И уште повеќе, како? Воопшто не е лесно да предзвикаш позитивни чувства кај само една личност, а на Тоше му успеа со цел Балкан! Која е таа големина и сега, по 9 години на плоштадот во Скопје да се собираат луѓе и да прават ѕвездено небо со надеж дека Ангелот некаде од небото ќе го види? Дека ете на некој начин барем малку ќе му се оддолжат. Себично, нели?

Има прашања на кои одговорите нема да ги најдеме на овој свет, колку и да мислиме дека сме мудри. Одговорите на се на другата страна од небото, онаму од каде сега Ангелот ни пее. Се надевам дека ти ги доби брат. Дека барем тебе ти е јасно зошто мораше така, во магла, во рано утро на одвратен пат. Толку рано, кога можеше уште толку многу... Се надевам дека ти знаеш и дека ти имаш мир. Ние и онака во поголемиот дел од времето сме оптоварени со нашето секојдневие и со проблемите кои ни ја кријат големата слика и одговорите, иако некогаш е доволна само една песна еден стих и да ни се врати немирот, себичноста. Но, денеска е баш тој ден кога барем јас сум многу себичен. Па себично до коска, дај бе Тошка малку и ти биди себичен, дои онака на кратко, некако, шо знам, ѕирни не. Не знам јас како оди тоа, ама мора да има начин. Ќе дадеме се од себе да се почуствуваш посебно, убаво, сакано. Барем една песна, еден стих....Себично, нели?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно