Калоричната храна е добра за слабеење?!

kaloricna-hrana

Сепак, да не помислите дека до бесвест можете да уживате во вкусна калорична храна. Уживањето во пица е дозволено само еднаш неделно, останатите шест дена морате да внимавате на внесот на калории.

Се покажало дека овој метод навистина помага во губењето килограми бидејќи еднаш неделно да изедете нешто вкусно и калорично, го доживувате како награда за трудот и одрекувањето од храна во изминатите шест дена.

Така на луѓето им е многу полесно да собираат и одземаат калории во текот на диетата.

Во истражувањето учествувале доброволци поделени во две групи. И на едните и на другите им било дозволено да јадат по 10.500 калории. Но, една група имала привилегија еднаш неделно да се опушти и да изеде пица или некоја друга високо калорична храна. Сепак, вкупниот број изедени калории во неделата не смеел да се преминува.

Значи, ако еден ден претерале, останатите денови внесувале помалку калории. Токму таа група имала подобри резултати на крајот од истражувањето, односно изгубиле повеќе килограми.

Освен тоа, во другата група биле посклони кон откажување од диетата бидејќи немале никаква мотивација.

Коментари

Популарно