Како батеријата на мобилниот да ви трае подолго?

Веројатно и вие имате проблем со издржливоста на батеријаа на вашиот паметен телефон. Ова посебно важи ако ги имате инсталрано следниве апликации:

mobilen

Facebook: Оваа апликација ја троши енергијата од батеријата повеќе од било која друга, но не ја исполнува функција. Така наместо „Facebook“ апликацијата, доволно е да користите Boomark на екранот со кој ќе го отворите вашиот профил во интернет прелистувачот.

Секоја апликација за временска прогноза: Овие апликации се на самиот врв кога станува збор за „цедење" на батеријата, бидејќи постојано се ажурираат податоците. Наместо графичка контрола за прикажување на прогноза за времето подобро е да се користи гласовната опција „OK, Google” .

AntiVirus Security или било која друга антивирусна апликација: Ако преземете апликации од доверлива адреса, односно „Google Play“, вашиот телефон е безбеден од вируси, па затоа во тој случај антивирусните апликации се целосни бесмислено.

Clean Master или било која друга апликација за чистење на непотребни датотеки: Апликациите од овој тип обично бришат непотребни фајлови и на тој начин ги подобруваат перформансите на телефонот, но тие не се доволно ефикасни за да им овозможите простор за целата апликација. Всушност, тоа може да го решите многу брзо преку овие чекори: Settings > Storage > Cached data > OK. Оваа апликација всушност троши батерија и поради рекламите.

Веб пребарувач, кој доаѓа со вашиот телефон

Во „Google Play Store“ може да преземите подобар и побезбеден прелистувач од „Google Chrome“, кој првично пристигнал заедно со вашиот смартфон, доколку користите телефон со Android систем.

Коментари

Популарно