ФФМ реши: Еве колкава награда ќе добијат У21 хероите

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седницата одржана вчера утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за постигнатиот успех - пласман на ЕП во Полска 2017 година.

20160922175245-81374

Со ова вкупниот фонд за репрезентацијата до 21 година за успешните натпревари во квалификацискиот циклус и пласманот на ЕП во Полска 2017 година е во вкупен износ од 230.000 eвра.

„Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.

На 1 декември нашите надежи ќе ги дознаат своите противници на Европското првенство кое ќе се одржи во Полска во јуни следната година.

Коментари

Популарно